Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МНР го организира транспортот на телото на Александар Карадакоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > МНР го организира транспортот на телото на Александар Карадакоски
ХРОНИКА

МНР го организира транспортот на телото на Александар Карадакоски

Објавено April 4, 2025 18:17
Сподели
Сподели

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, преку Амбасадата на Република Македонија во Варшава, е во редовна комуникација со семејството на починатиот Александар Карадакоски и со надлежните институции во Литванија.

Карадакоски, кој беше хоспитализиран во Литванија поради тешките повреди здобиени во пожарот во дискотеката во Кочани, утрово им подлегнал на повредите. Тој имал 36 отсто изгореници на телото и оштетување на дишните патишта во обем од 90 проценти.

„Амбасадата ги презема сите неопходни активности за завршување на конзуларните постапки и за организација на транспортот на телото назад во земјата. Министерството и дипломатско-конзуларното претставништво во Варшава се во постојана комуникација со литванските власти и стојат на располагање за поддршка на семејството“, соопштија од МНР.

Од Министерството дополнуваат дека Кризниот штаб е во координација со сите надлежни институции, а јавноста ќе биде навремено информирана за сите понатамошни детали.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јасно е дека светот влезе во многу турбулентна фаза, речиси никаде не сме безбедни, рече Сиљановска-Давкова по Акаба процесот во Софија
Следна Статија Таравари за случајот со Ведат Адеми: Предложивме одземање на лиценцата на лекарот што бил на дежурство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Се запалиле бандера и куќа во Чаир, причина бил кабел преку кој се крадела струја

На 08.08.2025 во 19:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Чаир во Скопје настанал пожар на…

August 10, 2025
ХРОНИКА

Тетовец со нож ги нападнал мајка му и сестра му

Ноќва во 00:40 часот во Клиничка болница Тетово, полициски службеници од СВР- Тетово го лишиле од слободаЈ.Д.(26) од Тетово, постапувајќи…

January 29, 2025
ХРОНИКА

Пијан кумановец, со „молотов коктел“ запалил трева

Во СВР Куманово во ноќеска во 02,10 часот е пријавено дека машко лице, во видно алкохолизирана состојба со молотов коктел…

July 20, 2025
ХРОНИКА

Запален автомобил на јавен обвинител од Скопје

Во текот на ноќта засега непознати сторители опожариле автомобил на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Интензивно се преземаат…

February 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?