Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Врачени највисоките фестивалски признанија на Струшките вечери на поезијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Врачени највисоките фестивалски признанија на Струшките вечери на поезијата
МАКЕДОНИЈА

Врачени највисоките фестивалски признанија на Струшките вечери на поезијата

Објавено August 25, 2025 09:39
Сподели
Сподели

Со врачување на највисоките фестивалски признанија, „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ и меѓународното поетско читање „Мостови“ вчера вечер на Мостот на поезијата во Струга заврши 64-тото издание на Струшките вечери на поезијата.

Наградата „Златен венец“ на словачкиот поет Иван Штрпка му ја врачи директорот на НУМ Струшки вечери на поезијата, Никола Кукунеш.

Уметничкиот директор на Фестивалот, Мите Стефоски на полскиот поет Матеуш Шимчик му го врачи признанието „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата го доделуваат за најдобар поет-дебитант.

Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година за најдобра поетска книга на македонски јазик издадена меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата на добитничката Јулијана Величковска и ја врачи претседателот на жири-комисијата Санде Стојчевски.

На 64-тото издание на Струшките вечери на поезијата, учествуваа 70 поети од сите меридијани. Фокусот на годинашната манифестација е глаголицата. Фестивалот почна во четвртокот со традиционалното садење дрвце во Паркот на поезијата во чест лауреатот и палење на фестивалскиот оган во Домот на поезијата.

Манифестацијата се одржа под покровителство на претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова, а финансирана од Министерството за култура и туризам.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почна УС Опен: Ѓоковиќ славеше на стартот, Медведев дивееше откако загуби добиен меч (ВИДЕО)
Следна Статија Десеттиот обид за лансирање на „Старшип“ на Маск е откажан, објавена е причината

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тошковски: „Безбеден град“ директно придонесе да се намали бројот на повредени лица, наскоро информација и за казните

Сакам уште еднаш да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на македонските граѓани, затоа што со смирувањето на…

December 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Годинава ќе бидеме сведоци на вистински градежен бум во општините

Ги менуваме ликот и функционалноста на општините, вели министерот за локална самоуправа и регионален развој, Златко Перински, во интервју за…

January 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вакциналните пунктови соочени со недостиг на кадар, едно од можните решенија е прераспределба

Вакциналните пунктови низ државава се соочуваат со недостиг од кадар. Од Унијата што ја предводи Здружението на медицински сестри, техничари,…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Безбедноста во Македонија е стабилна

Безбедноста во Македонија е стабилна и во моментов нема закана од воените активности што се одвиваат на Блискиот Исток, изјави…

March 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?