Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Второ пријавување за упис во средните училишта на 30 јуни, слободни над 16 000 места
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Второ пријавување за упис во средните училишта на 30 јуни, слободни над 16 000 места
МАКЕДОНИЈА

Второ пријавување за упис во средните училишта на 30 јуни, слободни над 16 000 места

Објавено June 27, 2025 08:35
Сподели
Сподели

Полуматурантите кои на првото пријавување во јуни пред десет дена не се запишаа во средно образование за учебната 2025/2026, ќе имаат втора можност за упис на второто електронско пријавување овој месец – в понеделник, 30 јуни. Потребната документација до училиштата ќе се доставува наредниот ден (1 јули), а ранг-листата на запишани ученици ќе биде објавена на 2 јули до 12 часот.  

Според податоците на Министерството за образование и наука собрани од училиштата, за второто јунско пријавување има слободни 16 034 места за упис на ученици – 10 758 за настава на македонски јазик, 4781 на албански наставен јазик, 474  на турски и 21 слободно место за настава на српски јазик. За гимназиско образование има 3727 слободни места и 12 307 за стручно образование. 

По првото аплицирање, спроведено од 14 до 17 јуни, вкупно се запишале 13 712 ученици од 16 601 пријавени. Од нив, 10 172  ученици се запишани за настава на македонски јазик, 3 248 за албански, 279 за настава на турски и 13 ученици за српски јазик.

Како и во последните неколку години, стручното образование е попривлечно за учениците, така што на првиот јунски уписен рок над двојно повеќе ученици се запишале во стручни училишта  (9469) отколку во гимназиите (4243).

Консултациите со компании, стопанските комори и локалните самоуправи кои ги организира Министерството за образование и наука во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ денеска продол

За гимназиско образование конкурсот за упис на ученици веќе е завршен во гимназиите „Јосип Броз Тито“ во Битола и „Никола Карев“ во Скопје. По првото пријавување, МОН објави информација и за училишта во кои Конкурсот за запишување ученици е завршен во стручно образование за одредени сектори/квалификации. 

Согласно критериумите од Конкурсот на МОН, беше спроведено квалификациско тестирање поради поголем број пријавени ученици со исти бодови од предвидени слободни места – во СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје за образовните профили медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик, во СОМУ „Гостивар“ – Гостивар за медицинска сестра на албански наставен јазик и во гимназијата „Георги Димитров“ – Скопје на македонски наставен јазик.

По реакции од родители дека во овие училишта имало „вонреден“ односно „приемен“ испит за нивните деца, министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека квалификациското тестирање е законско и е предвидено во објавениот Конкурс доколку има повеќе ученици со еднаков (одличен) успех од предвидениот број на слободни места.

Таа укажа дека проблем во државава е оценувањето и успехот „со сите петки“ и оти  често наставниците трпат притисок од родителите за децата да им бидат „скроз одлични“. Тоа, рече Јаневска, води кон неквалитет во образованието и порача дека оценувањето треба да се промени, а една од алатките е новината во новиот закон – наставничкиот совет да нема надлежност за поправање оценки.  

-Наставниците и родителите треба да се свесни дека има реално рангирање на знаењето. Тие што имаат знаење, ќе бидат запишани, тие што ќе бидат со помалку бодови имаат шанса на второто пријавување на 30 јуни да се запишат во средно таму каде што има слободни места, рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање на панел-дискусија по повод една година од мандатот на Владата.

Квалификациско тестирање на второто пријавување во јуни, доколку има потреба, ќе се организира во училиштата на 4 јули и истиот ден ќе бидат објавени конечните ранг-листи со резултатите.

За учениците кои во јунскиот рок нема да се запишат во средно училиште, следна можност е августовскиот рок во училиштата каде што ќе има слободни места. Електронското пријавување ќе биде на 21 август, а истиот ден ќе треба да се достави и потребената документација до училиштата. Конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето ќе биде објавена на 22 август

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мерц е за „брз и едноставен“ трговски договор со САД, Макрон за „избалансиран“
Следна Статија ЕУ ги продолжува санкциите кон Русија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Протест на „Кој е следен?“: Повикуваме на будење и промени за подобри денови

Иницијативата „Кој е следен?“ денес одржа протест со мотото „Системот заборава, но ние не забораваме“ на кој повикаа на будење…

April 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска инаугурација на Трамп, ќе присуствува и премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во работна посета на САД, ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп…

January 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

РСЕ: Уште пред 6 години „свиркач“ алармирал за криминал на Пеце Мирчески во СОЗР, ДКСК не реагирале

Против поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчески имало пријави до институциите и од вработени за незаконски постапувања. “Свиркач“ пријавил незаконско…

February 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мајка и ќерка пронајдени мртви во село Слатино

36-годишна жена и нејзината керќа се пронајдени мртви во тетовското село Слатино, соопшти СВР Тетово, а нејзиниот сопруг ќе биде…

October 8, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?