Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вучиќ: Мојата вистинска желба е утрешниот ден да помине мирно, се извинувам за грешките
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Вучиќ: Мојата вистинска желба е утрешниот ден да помине мирно, се извинувам за грешките
БАЛКАН

Вучиќ: Мојата вистинска желба е утрешниот ден да помине мирно, се извинувам за грешките

Објавено October 31, 2025 19:36
Сподели
Сподели

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги повика демонстрантите повторно на дијалог по одбележувањето на годишнината од падот на кровот на Железничката станица во Нови Сад и порача дека утрешниот ден треба да биде ден кој нè обединува, а не ден кој нè дополнително разделува.

„По утрешниот ден, да обидеме уште еднаш со дијалог во општеството. Уште еднаш ги повикувам оние кои протестираат да седнат за маса, да ги искажат своите желби, да учествуваат во разговори и дебати. Не преку ултиматуми, туку како дел од разговорот“, рече Вучиќ во обраќањето од Претседателството на Србија.

Вучиќ истакна дека вистинската правда мора да биде задоволена за животите кои се изгубени во тој трагичен ден.

„Во тоа сите се согласуваме. Но не правда измислена на улиците, туку правда која се носи во институциите. Некои од нас можеби мислат дека тие институции не се способни, но тоа се единствените институции што ги имаме и мораме да ги поддржиме и да апелираме тие да ја вршат својата работа. Да работат повредно и побрзо за да се открие вистината. Не вистината на едната или другата страна, туку единствената вистина. Вистината која е поткрепена со докази. Тоа е вистината која сите страни во општеството треба да бидат подготвени да ја прифатат“, додаде Вучиќ.

Претседателот истакна дека неговата вистинска желба е утрешниот ден да помине мирно и се извини за грешките направени во изминатата година.

„Да помине со повеќе тишина отколку викање, со повеќе размислување отколку надмудрување, со појасен поглед кон себе отколку кон другите. Ништо нема да добиеме ако едни други се обвинуваме, само заедничка работа може да создаде нешто подобро“, порача Вучиќ.

Тој додаде дека задачата на државата е да ги штити своите граѓани и дека е од суштинско значење да се разјасни минатото, особено за да се разбере што можеме подобро да направиме во иднина.

„Тоа е должност на нас кои ја водиме оваа земја“, заклучи Вучиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски со порака до поддржувачите на СДСМ: Во недела гласајте за број 9 за катарзата и реформите во СДСМ да почнат
Следна Статија Алкалоид со извоз од 160,4 милиони евра, инвестиции од 15 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Трочлено семејство пронајдено мртво во куќа во Чачак

Трочлено семејство од Босна и Херцеговина е пронајдено мртво утрово во нивната семејна куќа во Чачак, Република Србија. Според информациите…

December 6, 2025
БАЛКАН

Половина од албанската популација живее надвор од земјата

Половина од албанските граѓани или 2,2 милиони живеат надвор од земјата, повеќето од нив млади луѓе. – Колку што албански…

February 15, 2026
БАЛКАН

Македонецот Костовски му бил партнер на Аркан и во кражби и во бегство од затвор

Слободан Костовски кој  е осуден на долгогодишна затворска казна за шверц на две тони дрога бил водач на еден од…

July 17, 2026
БАЛКАН

По Заев, руските комичари го насамарија и Курти (ВИДЕО)

Руските комичари Алексеј Владимирович Столјаров и Владимир Александрович Кузњецов, односно Лексус и Вован, познати по нивните имитации со кои измамија…

March 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?