Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзална сала, вели Љутков
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзална сала, вели Љутков
МАКЕДОНИЈА

В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзална сала, вели Љутков

Објавено January 30, 2026 15:21
Сподели
Сподели

Одлуката за изведувач на Универзална сала ќе биде донесена в понеделник, но ќе мора да се почека да помине рокот за поднесување жалба, рече денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Љутков вели дека едната од постапките веќе е завршена, а оти втората е во фаза на евалуација.

„Комисијата работи и процесот е веќе во завршна фаза“,рече министерот одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за претстојниот Саем за туризам што ќе се одржи викендов во Скопје.

Претходниот тендер што беше распишан за избор на изведувач пропадна, а министерот Љутков тогаш рече дека тоа е поради поплака од единствениот изведувач во процесот.

Љутков во ноември лани рече дека новиот тендер што ќе биде распишан ќе биде потребно помалку време отколку за претходниот.

Претходно очекувањата на министерот беа дека на почетокот на октомври ќе започнат постапките за избор на изведувач и надзор, по што ќе почне изградбата на Универзалната сала по системот „клуч на рака“.

Таа треба да биде готова до крајот на 2027 година, со што во 2028 година ќе биде подготвена за реализацијата на програмата за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“.

Во Универзалната сала избувна пожар во април 2024 година, само еден месец откако продолжија градежните работи за нејзина реконструкција.

Почна да се реновира на крајот на мандатот на поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов.

Со доаѓањето на ексградоначалничката Данела Арсовска, работите се стопираа за околу две години.

Потоа, со одлука на Владата, додека министерка за култура беше Бисера Костадиновска-Стојчевска, ресорното министерство ја презеде салата од Град Скопје и се продолжи со реконструкцијата, која потоа беше стопирана од пожарот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Покренати обвиненија за 13 полициски службеници во случајот „Пулс“: Не спречиле палење факели, внесувале неточни податоци, неосновано давале дозволи…
Следна Статија Мицкоски: Инвестираме во младите и европската иднина преку Еразмус+

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Студирањето во својата земја е најдобар избор, кажа министерката Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, на првиот академски час ја поздрави новата генерација студенти на Универзитетот „Св. Кирил…

October 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

До неколку граѓани и правни лица, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ,…

April 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почнува летното сметање на времето

Летното сметање на времето почнува ноќеска во 02:00 часот кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час напред и…

March 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

УХМР: Исклучително високи водостои на река Вардар во горниот дел од течението, како и на река Треска

Податоците од хидролошките станици низ земјава укажуваат на сеуште исклучително високи водостои на река Вардар во горниот дел од течението,…

February 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?