Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Герасимовски: Заедно со граѓаните ја водиме општината, партиските интереси се на страна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Герасимовски: Заедно со граѓаните ја водиме општината, партиските интереси се на страна
ПОЛИТИКА

Герасимовски: Заедно со граѓаните ја водиме општината, партиските интереси се на страна

Објавено October 12, 2025 10:52
Сподели
Сподели

Заедно со граѓаните ја водиме општината, партиските интереси се на страна, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, во гостувањето на Канал 77. Тој потенцираше дека Центар е пример како треба да се води една локална самоуправа, без политика, со работа исклучиво во интерес на граѓаните.

Локалната самоуправа треба да се води исклучиво во интерес на граѓаните. Политиката треба целосно да се тргне настрана, така и постапувавме. Ние водевме сосема поинаков начин на функционирање во општината. Немаме мнозинство во Советот, но со домаќинско работење и добро менаџирање успеавме да покажеме дека сите добри предлози, без разлика од која советничка група доаѓаат ги вметнуваме во програмите и буџетите на општината, и потоа ги реализираме. Четири години немавме мнозинство, а претседателот на Советот е од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, функциониравме одлично“, рече Герасимовски додавајќи дека тоа било потврдено и од самите советници.

Тој, истакнува дека е среќен што овие четири години заедно со граѓаните ја водел општината, и заедно со нив е направена новата програмата.

„Со нив ќе продолжиме да ја водиме општината и понатаму, а партиите и партиските интереси ќе бидат целосно отстранети од Советот“, вели Герасимовски.

Герасимовски, потенцираше и дека неговата кампања не трае 20 дена, туку 4 години.

„Ние сме постојано на терен, ние сме секојдневно со граѓаните. Заедно со граѓаните ги креираме програмите преку буџетски форуми, преку голем број на анкети, средби во маалата. Новата програма планираме од почетокот на ноември да ја спроведуваме“, додаде Герасимовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Над 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако стапи во сила прекинот на огнот
Следна Статија Лабудовиќ: Со зелени поени, селекција на отпад и еко-часови, создаваме општина што дише, расте и живее во хармонија со природата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Со 804 гласови од 817 делегати: Мицкоски повторно избран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Делегатите на ВМРО-ДПМНЕ попладнево го избраа Христијан Мицкоски за лидер на партијата. Од присутни 817 делегати за негов повторен избор…

December 6, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Во тек се внатрепартиските анкети за избор на кандидати за градоначалници

Во тек се анкетите за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Претседателот на Владата и лидер на ВМРО…

March 8, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче го нарече Николоски „независен аналитичар“, не направил ништо за камионџиите

Пратеникот Антонио Милошоски побара денес од амбасадорот на Кипар за Македонија , Андреас Фотиу, да го стави на дневен ред…

January 26, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Економијата е во пад, ништо од балканскиот економски тигар на Мицкоски

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во…

October 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?