Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Герасимовски: Започна проектот „Цел Центар на точак”, аплицирајте за субвенција до 3.000 денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Герасимовски: Започна проектот „Цел Центар на точак”, аплицирајте за субвенција до 3.000 денари
МАКЕДОНИЈА

Герасимовски: Започна проектот „Цел Центар на точак”, аплицирајте за субвенција до 3.000 денари

Објавено March 24, 2025 10:17
Сподели
Сподели

Општина Центар распиша Јавен повик за доделување на поединечни субвенции за купување велосипеди, е-велосипеди, е-тротинети и дополнителна опрема. Центарци ќе можат да добијат субвенција од 30% од цената на превозното средство, но најмногу до 3.000 денари, како и субвенција за дополнителна опрема (детски седишта и кациги) до 1.000 денари.

Градоначалникот Горан Герасимовски, ги повикува жителите на Центар да го искористат овој повик и да изберат алтернативен, еколошки превоз. Тој информира дека повикот е отворен од 24 март 2025 година, а барањата ќе се обработуваат по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Возењето велосипед не е само начин на превоз, туку и здрав животен стил. Со секој поминат километар со велосипед или е-тротинет, придонесуваме за почист воздух, помалку метеж и поздрав живот. Нашата цел е да го поттикнеме користењето на овие превозни средства и да изградиме модерна, одржлива општина. Ги повикувам центарци да аплицираат за субвенција и да придонесеме за помал сообраќаен метеж во централното градско подрачје. Поддржуваме здрави и одржливи транспортни навики“, истакнува Герасимовски.

Заинтересираните граѓани треба да поднесат барање со потребна документација: копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и фискална сметка во оригинал и истата да ја достават во архивата на Општина Центар, барака бр.6, од 09.00 до 15.00 часот. Правото на субвенција е еднократно.

За повеќе информации, граѓаните можат да се обратат на телефонските броеви 02/3203-600 и 02/3203-693 или да ја посетат веб-страницата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фондот за здравство предупредува за лажна веб-страница на ФЗО која има за цел да ги украде личните и финансиски податоци на граѓаните
Следна Статија Трагедија во Волково – кираџија го убил газдата, па се самоубил

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Грета Тунберг со активистите на блокадата на Кожуф

Грета Тунберг, познатата шведска активистка за климатски права, денеска беше на блокадите на Кожуф планина, во знак на поддршка на…

July 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Средба во Владата: Инспекторатот за употреба на јазиците ќе биде под надлежност на Министерството за правда

Инспекторатот за употреба на јазиците ќе биде под надлежност на Министерството за правда, за да може вработените кои не зеле…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Еве кои се пријавените кандидати за претседател на ДКСК, вкупно се 13

Тринаесет кандидати се пријавиле на огласот за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), информираат од собраниската…

August 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од денес училишниот прибор со нови намалени цени од 10 и 15 проценти, инспекциите на терен

Од денес почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. -Имајќи предвид…

August 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?