Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Наумоф: Македонците од дијаспората мораме да бидеме обединети, инвестирајте по примерот на Крис Павлоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Наумоф: Македонците од дијаспората мораме да бидеме обединети, инвестирајте по примерот на Крис Павлоски
МАКЕДОНИЈА

Наумоф: Македонците од дијаспората мораме да бидеме обединети, инвестирајте по примерот на Крис Павлоски

Објавено September 28, 2025 14:22
Сподели
Сподели

Џери Наумоф, поранешниот министер без ресор задолжен за странски инвестиции, е добитник на специјалното признание „Македонско наследство во јавната служба“, доделено на гала вечерта по повод 20-годишниот јубилеј на Обединетата македонска дијаспора – ОМД, што се одржа во Детроит, на која присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.

-Мораме да бидеме обединети за да преживееме. Постојано се делевме, се расправавме – зошто вака си го пишуваш името, зошто не зборуваш подобро македонски, да не си од Грција. Не, сите сме Македонци. Ако се обединиме, Македонците од ширум светот, од дијаспората, и нашиот народ во Македонија, ќе имаме шанса да ги оствариме соништата на нашите претци, за силна, слободна и успешна Македонија, изјави Наумоф, кој беше министер од 2013 до 2017 година.

Тој сега е член на одборот на директори на компанијата Рамбл, во сопственост на Крис Павловски, која инвестира во татковината.

Како што јави известувачот на МИА, Наумоф ги повика Македонците од дијаспората да инвестираат во својата родна земја или барем да се пензионираат и да ја посетуваат.

-Тоа ќе ни помогне да ги донесете свежите идеи од новиот свет. Инвестирајте ако можете, како Крис, како многумина други. Македонија е одлично место за таму да ја преместите логистиката на вашата компанија. Гледам се повеќе и повеќе камионџиски компании на Македонци од Чикаго, кои имаат стотици камиони, наместо логистиката и администрацијата да им биде во Чикаго каде што е ненормално скапо и не можете да најдете добри работници, да имаат канцеларии во Струмица, во Битола, во Скопје. Ќе ангажирате млади луѓе кои се навистина паметни, сакаат да работат, сите знаат по два-три јазици, рече Наумоф, кој основаше сервисна компанија во земјава која работи за американски клиенти.

Тој укажа на сведоштвата на многу млади Македонци кои работат во сервисни компании за странски клиенти, кои велат дека доколку вакви работни места не биле достапни кај нас, сигурно ќе ја напуштеле татковината.

-Тоа е проблемот на Македонија. Загубивме и губиме премногу млади луѓе, рече Наумоф, повикувајќи ги Македонците да инвестираат во татковината.

На претседателката Сиљановска – Давкова од страна на коосновачот и почесен претседател на ОМД Мето Колоски и беше доделена наградата „Глобален државник“, додека таа ѝ ја врачи наградата „Ќерка на Македонија“ на Мариен Илич, признание што го доделува ОМД.

Четириесет млади припадници на македонската дијаспора ширум светот, успешни и влијателни во своите професии и заедници, се стекнаа со наградата „40 под 40“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Го прекинале кабелот кој водел до електричното броило и направиле штета на ЕВН од 1.377.911 денари – кривична за две лица
Следна Статија Земјотрес со јачина од 5,4 степени ја погоди западна Турција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Д-р Игор Николов ќе биде нов амбасадор во Франција за Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром во објектот на Воената Академија „Михајло Апостолски“ каде…

January 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски на конгрес на ЕПП во Брисел

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, со партиска делегација во чиј состав е генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ,…

March 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Дедо Наце на 103 години одликуван за придонесот во НОБ

Во чест на 80-годишнината од ослободувањето на Скопје, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, денеска го посети 103-годишниот Наце Петрушевски…

November 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

Извршен увид на местото на тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место а тешката сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола…

October 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?