Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Герасимовски: Нова градинка кај Клинички центар и дом за стари лица на Водно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Герасимовски: Нова градинка кај Клинички центар и дом за стари лица на Водно
ПОЛИТИКА

Герасимовски: Нова градинка кај Клинички центар и дом за стари лица на Водно

Објавено October 4, 2025 08:54
Сподели
Сподели

Кандидатот за втор мандат и актуелен градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, во гостувањето во „Тема на денот“ во вестите на ТВ Сител истакна дека фокусот во неговата програма е насочен кон најмладите и највозрасните жители.

„За родителите и учениците, во новата програма предвидуваме мерки за значителна заштеда на семејниот буџет. Сите ученици од прво до четврто одделение ќе имаат бесплатен и здрав оброк, а учениците од петто до деветто одделение бесплатна екскурзија низ Македонија,“ рече Герасимовски.

Тој потсети дека општината веќе обезбедила бесплатни ранци за првоодделенците и бесплатни униформи.

,,Последните четири години вложивме многу и во нашите градинки. Денес условите се подобри и од приватните, а цената е само 1.490 денари. Сите градинки се реконструирани, а ја изградивме и модерната градинка „Пролет,“ која стана пример за сите останати.Во следниот мандат почнуваме со изградба на нова градинка кај Клиничкиот центар, со капацитет за 100 деца и 25 воспитувачки. Планираме воведување на двосменски престој во градинките, за да им излеземе во пресрет на родителите. Веќе имаме успешен пример во „Пепелашка,“ каде функционира двосменска група со ужина, одмор и воспитувач, рече градоначалникот.

Посебен акцент Герасимовски стави и на грижата за пензионерите.

„Локацијата за нов Дом за стари лица е веќе определена , на Водно, со алтернативна можност во Капиштец. Домот ќе биде изграден на два ката, со вкупна површина од 400 квадратни метри и земјиште од 2.000 квадратни метри. Првично е замислено да биде за 50 лица, но најверојатно оваа бројка ќе биде поголема. Престојот ќе биде со минимална партиципација од 12.000 денари месечно, значително пониска цена во споредба со приватните домови,“ рече Герасимовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Доаѓаат првите минусни температури во Македонија
Следна Статија Аеродромот Минхен повторно отворен по прекин во авиосообраќајот поради дронови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Илир Демири го напушти Ахмети, ќе делува како независен пратеник

ратеникот Илир Демири официјално го известил претседателот на Собранието Африм Гаши, дека ќе продолжи да делува како независен пратеник. Демири,…

November 30, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Директорите на Фондот за иновации од СДС го оштетиле за над 400.000 евра

Во трите случаи за кои ФИТР поднесе кривична пријава против двајцата поранешни директори, утврдено е неправилно користење на парите од…

December 16, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Судството и обвинителството се сегменти коишто се последните бастиони во одбрана на владата на СДСМ и ДУИ, но ќе има реформи и во оваа област

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг одржан во општина Сопиште, во рамки на изборната…

October 8, 2025
ПОЛИТИКА

ТВ 24: Трајановски во Аеродром, Ацевски во Ѓорче Петров, Бузлевски јуниор во Ресен

Александар Трајановски поранешниот директор на ургентниот центар и актуелен член на ИО на СДСМ ќе биде кандидат на СДСМ за…

June 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?