Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Героски: Филипче, лидер на СДСМ на стенд бај?!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Героски: Филипче, лидер на СДСМ на стенд бај?!
ПОЛИТИКА

Героски: Филипче, лидер на СДСМ на стенд бај?!

Објавено May 10, 2025 10:42
Сподели
Сподели

„Основен политички и етички критериум еден човек да се квалификува за лидер на политичка партија, да учествува на избори и да се бори за власт, е да живее во Македонија и – за Македонија.

Во својата земја да работи и да плаќа данок. Со својот народ да дели и добро зло. Да биде дома“, вели новинарот Бранко Героски во денешната колумна на „Плусинфо, откако лидрот на СДСМ самиот соопшти дека поседува „златна виза“ од Дубаи.

(…)

Не е спорно и тоа дека секој наш иселеник во дијаспората, или на привремена работа во белиот свет, има легитимно право да биде политички активен, да гласа на македонските избори и да биде избран за пратеник.

Но, човек со мисла да си замине од својата земја, сепак не може да биде партиски лидер, некој што претендира да стане премиер или шеф на државата.

Со една нога надвор од Македонија, не се станува партиски лидер. Со „златна виза“ во џебот, која му овозможува трајно да се исели од земјата што сака да ја води, не се станува иден премиер или претседател.

Во таков човек, едноставно, немаме доверба. И – точка.

Една „славна“ изјава на Стево Пендаровски – онаа дека кога не би бил претседател, би си заминал од Македонија – го чинеше политичка кариера.

Сега, пак, дознаваме дека Венко Филипче, актуелниот лидер на СДСМ, сепак имал „златна виза“ за Дубаи. Претходно јавно тоа го негираше.

Преговарал за некаква болница, пред да стане пратеник и партиски лидер, но сега сето тоа било, како што вели, „на стенд бај“.

Да му веруваме на збор? Еве, јас му верувам, но имам сериозни дилеми со неговиот чуден исказ.

Што му значи тоа – на стенд бај?!

Значи ли тоа дека Филипче не сакал да ја врати својата „златна виза“? Да ја врател, некако ј да му поверуваме дека сега, како пратеник и партиски лидер, сака да се посвети на Македонија.

Значи ли тоа дека СДСМ, всушност, има лидер на стенд бај?!

Што се случува, побогу, со луѓево на Бихаќка?!- прашува Героски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Арсенал ја активира откупната клаузула и го потпиша шпанскиот репрезентативец за 60 милиони евра
Следна Статија Љубчо Георгиевски: Десет години работев со маркети, но ги затворив – профитните маржи беа ниски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Софија Куновска: Конгресот на СДСМ беше театар на апсурдот без смисла и катарза

Актерката и поранешна функционерка на СДСМ, Софија Куновска, со остра и метафорична критика го оцени вчерашниот Конгрес на Социјалдемократскиот сојуз,…

January 26, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на граѓанската трибина во Охрид, порача дека оваа општина заслужува посветена, чесна…

October 4, 2025
ПОЛИТИКА

Цело раководство на СДСМ си поднесе оставка

Раководството на СДСМ, заедно со членовите на Извршниот одбор, вчера вечерта поднесоа оставки на предлог на партискиот лидер Венко Филипче.…

December 3, 2025
ПОЛИТИКА

Османи за Самитот на ОБСЕ изнајмувал вип возила за 500 евра на ден, вкупно околу еден милион евра

Денеска пред вас го презентираме самиот договор за изнајмување возила за потребите на Министерството за надворешни работи при организацијата на…

September 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?