Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Годинава се регистрирани 38 заболени од ХИВ/СИДА, а осум починати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Годинава се регистрирани 38 заболени од ХИВ/СИДА, а осум починати
ЗДРАВЈЕ

Годинава се регистрирани 38 заболени од ХИВ/СИДА, а осум починати

Објавено November 29, 2025 14:02
Сподели
Сподели

Годинава во Македонија се регистрирани 38 нови лица со ХИВ/СИДА, што претставува инциденца од 2,1 на 100.000 жители, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје по повод 1 декември, Светски ден за борба против СИДА.

Бројот на случаи во 2025 е помал за 25,5% споредено со истиот период од 2024 година, кога беше регистриран 51 случај. За споредба, инциденцата во земјите на ЕУ во 2024 била 5,3/100.000 жители.

Од случаите во 2025, најголем дел се со место на живеење во Скопје, а останатите случаи се регистрираат како спорадични случаи во 14 градови од Македонија. Еден случај во 2025 е странски државјанин.

„Во 2025 регистрирани се осум смртни случаи поврзани со СИДА. Од регистрираните случаи, 37 се од машки пол, еден од женски пол. Возраста на заболените не отстапува значително од возрасната дистрибуција од претходно пријавените случаи. Просечната возраст на новите случаи е 35 години и е во опсег од 23 до 64 година, 73,7% од случаите се на возраст од 20 до 39 години“, стои во извештајот на ИЈЗ.

Македонија е земја со ниска преваленца на ХИВ: од 1987 до 2025 регистрирани се 726 случаи на ХИВ/СИДА, но во последните години се бележи нагорен тренд, па 32% од сите случаи се регистрирани во последните пет години. Во истиот период починале 138 лица од причини поврзани со СИДА, што претставува стапка на смртност од 18,2%.

„Со воведувањето на антиретровирусната терапија, преживувањето на лицата со ХИВ е значително подобрено. Во последните 10 години, од 447 регистрирани случаи имало 33 смртни случаи, што претставува стапка на смртност од 7,4%“, велат од ИЈЗ.

Според начинот на трансмисија, најголем број од случаите (62,1%) се мажи кои имале секс со маж. Хетеросексуалниот начин на пренос е регистриран кај 229 случаи.

ХИВ останува главен глобален јавно-здравствен проблем и досега се регистрирани околу 44,1 милион смртни случаи. Трансмисијата на вирусот се регистрира во сите земји на глобално ниво. Се проценува дека на крајот на 2024 живееле 40,8 милиони луѓе со ХИВ, од кои 65% се во Африка. Лани починале околу 630 000 луѓе од причини поврзани со ХИВ и се проценува дека 1,3 милиони луѓе се заразиле со ХИВ.

Не постои лек за ХИВ инфекцијата. Меѓутоа, со пристап до ефикасна превенција, дијагноза, антиретровирусен третман и грижа за ХИВ, вклучително и за опортунистички инфекции, таа стана хронична здравствена состојба, овозможувајќи им на луѓето со ХИВ да водат долг и здрав живот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Андоновска: СДС да не го брани криминалот на Заев, Филипче и Николовски во вредност од 800.000 евра
Следна Статија Филипче: Владата на Мицкоски создаде хаос во пензисикиот систем, пензиите ги доведе во ризик

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Словенија ќе ги признава македонските возачки дозволи без практичен испит

Словенија усвои измени на Законот за возачи, со кои на сопствениците на возачки дозволи издадени во Македонија им се овозможува…

November 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клиниката за урологија во Скопје почна со изведување операции за вградување на вештачки уринарен сфинктер

Универзитетската клиника за урологија во Скопје, започна со изведување операции за вградување на вештачки уринарен сфинктер, нова процедура, која досега…

May 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет…

September 6, 2025
ЗДРАВЈЕ

Вработените на Урологија се откажале од субвенции за мобилни телефони за да купат клими за болничките соби

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус,…

August 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?