Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Годишно на Клиниката за онкологија се дијагностицираат околу 1.200 пациентки со рак на дојка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Годишно на Клиниката за онкологија се дијагностицираат околу 1.200 пациентки со рак на дојка
ЗДРАВЈЕ

Годишно на Клиниката за онкологија се дијагностицираат околу 1.200 пациентки со рак на дојка

Објавено October 1, 2025 17:47
Сподели
Сподели

Здружението Хемаонко денеска организираше појадок и дружење со пациентките со рак на дојка со што го одбележа 1 октомври, почетокот на Месецот за борба против ракот на дојка. Ана Марјановиќ, од Здружението Хемаонко во изјава за медиумите истакна дека годишно на Клиниката за онкологија се дијагностицираат околу 1.200 пациентки со рак на дојка, и дека пациентките се соочуваат со низа проблеми почнувајќи од непроменети протоколи, немањето тумор бордови, периоди кога нема терапија, немање национална скрининг програма за детектирање на нулта и прв стадиум на рак и друго.

Се собравме пред Клиниката за онкологија за да го започнеме Розовиот октомври, којшто ние онколошките пациенти не го сакаме бидејќи имаме чувство дека сите се сеќаваат на пациентите со рак само во овој месец. Ние сме тука само да изразиме поддршка на пациентите кои се соочуваат со оваа болест преку еден симболичен појадок со Хемаонко, да се подружиме, да поразговараме со нив и што за пациентите е најважно да им кажеме дека не се сами во оваа борба, рече Марјановиќ.

Она кое што е најпоразително за онколошките пациенти во Македонија, како што кажа таа, е што тие се соочуваат со навистина голем број на проблеми коишто од година на година како да растат, иако делумно се менуваат работите. Здружението направило анкета, која според Марјановиќ е поразителна и во која се вклучиле 200 дијагностицирани пациенти.

Она што е во прво време поразително е дека поголем дел, околу 60 проценти од пациентите за првичната дијагноза односно биопсија одат на приватно. Што е уште попоразително е дека околу 80 проценти од овие новодијагностицирани пациенти наместо на Клиниката за онкологија по дијагнозата се упатуваат на хирургија. Тоа е така бидејќи во оваа држава протоколите не се променети и не функционираат онака како што треба и што е уште позначајно тумур бордовите не функционираат. Ние како Здружение навистина работиме на тоа да се подобри во иднина. Овие 80 отсто од пациентите е најзначајно да дојдат на Клиниката за онкологија. Во соработка со онкологот, хирургот, патологија да се направи најдобриот третман за тој пациент и како тоа лекување треба да се продолжи понатаму, рече Марјановиќ.

Како приоритет за Хемаонко, нагласи таа, е да профункционираат овие туморбордови од наредната година, а исто така се подготвува и брошура која треба да им помогне на новодијагностицираните пациенти да се снаоѓаат подобро.

Меѓутоа, што е уште позначајно од се ова е дека ние национална скрининг програма која што ќе ги детектира нулта стадиум, прв стадиум ние се уште немаме. Исто така во моментов и на тоа се работи и се надеваме дека пред истекот на годината ние веќе ќе имаме добра стратегија за скрининг програма која што ќе се следи со години, бидејќи доколку немате скрининг програма која што ќе даде резултати 5 до 10 години, апсолутно е како да немате скрининг програма. Во оваа скрининг програма е најзначајно е да се вклучени сите пациенти од 40 до 69-годишна возраст, а ние работиме на некој начин бидејќи имаме премногу млади пациенти дијагностицирани на кој начин можеме да ги интегрираме и овие пациенти кои се под 40 години, рече Марјановиќ.

Еден од главните проблеми на Клиниката за онкологија, како што кажа таа, се периодите кога нема терапија. Пари има, додава Марјановиќ, но треба да се менува начинот како се набавува терапијата.

На клиниката за онкологија еден од главните проблеми е, иако оваа година добивме за 65 проценти поголем буџет, што воопшто не е за занемарување и нешто за што сме благодарни. Но, со што се соочивме оваа година, и покрај поголемиот буџет на Клиниката во изминатите шест месеци се појавуваат гапови кои што се две недели, една недела, три недели за одредени терапии, што значи дека не се само парите проблем. Парите ги има меѓутоа, габаритните тендерски процедури, некоординираноста административна на системот и немањето механизми кои ќе ги регулираат и добавувачите, ние сме оставени со дупки од неколку недели. А, како што веќе зборувавме, зошто да имаме вакви дупки кога веќе ги имаме средствата. Сметаме дека најнапред треба да се промени набавката на лекови, дека можеби треба да се размислува и за набавка на државно ниво, да не биде тоа месечно за неколку години, да биде централизирана за да се избегне ова, рече таа.

Како втор проблем којшто исто така треба да се потенцира, според Марјановиќ, е дека овие лекови кои фалат и кои се кажуваат во јавноста, треба да бидат ставени на „Б“ позитивната листа односно на болничката листа. Здружението, пак, да може да работи на поновите терапии – петта генерација, кои се за метастатски канцери.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Меџити вети два нови булевари во Чаир
Следна Статија Марковски: Пречистителната станица е еден од најкапиталните проекти за Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Европска недела на ХИВ тестирање: „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“

Во рамки на Европската пролетна недела на ХИВ тестирање, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација, ги повикува сите граѓани на…

May 25, 2025
ЗДРАВЈЕ

На лекување во странство 69 пациенти, нема промена во нивната состојба- во Скопје 15 стабилни пациенти

Министерството за здравство информира дека во моментот 69 пациенти се на лекување во странство и нема промена во нивната состојба,…

April 5, 2025
ЗДРАВЈЕ

ВИДЕО: Научници направија прва снимка од имплантација на човечки ембрион во матка

Тим научници за првпат сними човечки ембрион како се имплантира во матката во реално време и во 3D. Снимката е…

August 17, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Поради голем недостиг на кадар во здравствениот сектор ќе има нови вработувања

Министерот за здравство, Азир Алиу, на прашањето во неговото интервју за Алсат-М што се случи со ветувањето за вработувања во…

September 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?