Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Голем проток за три дена : Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Голем проток за три дена : Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“
МАКЕДОНИЈА

Голем проток за три дена : Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“

Објавено August 2, 2025 17:40
Сподели
Сподели

На граничните премини на македонско-албанската граница, посебно на преминот „Ќафасан“ кај Струга, продолжува големиот проток на патници и возила.

– Во текот на изминатите три дена, околу 30 илјади патници и над 11 илјади возила влегле и излегле преку овој граничен премин. Поголемиот дел од патниците се странски државјани кои го избираат албанскиот брег за своите летни одмори, објавија албански медиуми.

За да се справат со овој проток, граничните власти ставиле во функција четири шалтери за граѓани и еден шалтер наменет за тешки товарни возила.

Зголемена фреквенција се бележи и на граничниот премин „Блато“, кај Дебар, што, по изградбата на автопатот „Патот на Арбр“ (Руга е Арбрит) сè помасовно се користи, поради намалената оддалеченост, на само 70 километри, од преминот до Тирана.

На овој премин, според македонското МВР, во првите шест месеци од годинава, забележана е историски рекордна фреквенција, односно минале 574.737 патници што е за 55 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година, кога биле регистрирани 370.827 патници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Премиерот Мицкоски оддаде почит на хероите од двата Илиндена во струшко Ташмаруништа
Следна Статија Али Ахмети празнично се пожали: Се обидуваат да го укинат Охридскиот договор преку исклучување на албанскиот јазик

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија во длабока демографска старост, иселувањето клучен проблем – младите сакаат да живеат во средена држава

Населението во Македонија старее и тоа многу брзо. Земјава е веќе во длабока демографска старост. Влезена е во процесот на…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Повеќе полиција отколку македонски Бугари: Само десетина луѓе се собраа во чест на Мара Бунева

Повеќе полиција отколку почитувачи на ликот и делото на Мара Бунева. Само десетина македонски граѓани со бугарска самосвест денеска учестуваа…

January 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе има одговорност за секој што ќе се огреши пред законот без разлика од која политичка партија доаѓа

Секој оној којшто ќе се огреши пред законот и нема да работи совесно ќе има одговорност, без разлика од која…

August 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Косовски почесен конзул му помогнал на Груби да помине на Блаце

Арсим Папранику е бизнисменот кој со своето возило и дипломатските таблички го превезол Артан Груби до Косово непосредно пред почетокот…

December 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?