Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Горивата поевтинуваат од два до 2,5 денари за литар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Горивата поевтинуваат од два до 2,5 денари за литар
ЕКОНОМИЈА

Горивата поевтинуваат од два до 2,5 денари за литар

Објавено April 9, 2025 12:50
Сподели
Сподели

Дизел горивата и бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,85 отсто во споредба со претходната пресметка.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 74 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 76, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 66,5, а Екстра лесно масло за горење (ЕЛ-1) за 66,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,041 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазут М-1 НС и ќе се продава за 38,965 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 5,268 отсто, кај дизелот за 4,58, кај екстра лесното масло за 4,57 и кај мазутот за 3,281 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3532 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Детали за случајот со Геријатрија: Директорот знаел дека пациентот е богат, барал 100.000 евра за да го смести во болницата
Следна Статија (Видео) Српската полиција приведе демонстрант и го стави во автомобил, тој излезе од другата врата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Македонија е силно посветена на изградба и модернизација на транспортните коридори

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со заменик амбасадорот на ЕУ, Бен Нупно. На средбата…

July 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Носење проактивни економски политики за поголема отпорност на идните предизвици

„Иако успешно поминавме низ голема економска бура, сѐ уште се соочуваме со променливи светски услови, поради што е потребна постојана…

December 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

4iG ќе аплицира за фреквенција – почнува планот за инвестиција од над 100 милиони евра

Унгарскиот телекомуникациски оператор „4 ИГ“ наредната недела официјално ќе ја поднесе својата апликација за влез на македонскиот телекомуникациски пазар. Планот…

December 12, 2024
ЕКОНОМИЈА

Евростат: Во Македонија има најевтина храна од цела Европа!

Цените на храната во Македонија се најниски од цела Европа! Разликите во цените на храната во Европа се големи, а…

December 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?