Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Граѓани и фирми должат 36 милиони евра на град Скопје за даноци и такси
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Граѓани и фирми должат 36 милиони евра на град Скопје за даноци и такси
ЕКОНОМИЈА

Граѓани и фирми должат 36 милиони евра на град Скопје за даноци и такси

Објавено December 9, 2025 13:11
Сподели
Сподели

Граѓаните и компаниите на Град Скопје му должат над 36 милиони евра за данок на имот и комунални такси, соопштија денеска градските власти.

„Даноците на имот и комуналните такси се основните извори на приходи на Градот Скопје. Средствата остварени од овие приходи овозможуваат финансирање на основните функции на Градот, изведба на инфраструктурните проекти, кофинансирање на услугите што ги даваат комуналните претпријатија и јавните установи, како и финансирање на трошоците на средните училишта во Градот Скопје. Според евиденцијата на Секторот за даноци на имот и комунални такси, за периодот од 2020 до 2025 година, по основ на даноци и такси, граѓаните и компаниите имаат долг спрема Градот Скопје во износ од преку 36 милиони евра“, соопшти Град Скопје.

Градската власт ги повикува сите даночни и таксени обврзници, правни и физички лица, кои немаат платено данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок и комунална такса-фирмарина, да ги подмират своите даночни обврски во најкраток временски рок.

Од Градот информираат дека секој даночен обврзник може да изврши увид во долгот, да ги преземе даночните и таксените решенија и електронски да го плати долгот преку електронската платформа на Град Скопје: https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml.

Долгот може да се плати и преку даночните шалтери во Град Скопје, секој  работен ден од 8 до 19 часот, како и во сабота на 13.12.2025 година.

Од Градот ги наведуваат следните адреси и броеви за сите прашања:

    • за данок на имот: 072/204-434 и 02/3207-546 како и е-маил адресите: anitan@skopje.gov.mk, nuredin.nuredin@skopje.gov.mk,
    • за данок на промет, наследство и подарок: : 02/3297-298 и 02/3297-296 како и е-маил адресата: biljana.manakoska@skopje.gov.mk,
    • за комунална такса-фирмарина:  02/3297-314 како и е маил адресата: angelina.gievska@skopje.gov.mk
    • за даночно сметководство: 02/3297-298 и 02/3297-296, како  и на е-маил адресата: katerina.donev@skopje.gov.mk.
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Непријатна е казната од 120 милиони евра за Икс, ЕУ оди во лоша насока
Следна Статија Уапсен гостиварец, возел со брзина од 174 километри на час

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Вработените од „Паркови и зеленило“ на протест, бараат исплата на плата за август

Вработените од јавното претпријатие „Паркови и зеленило-Скопје“, како и од неговите фирми „Флораком“ и „Луна“ денеска организираа протест пред претпријатието…

September 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Откупната цена на тутунот се зголеми на 400 денари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информира дека е постигната историски највисока цена на откупна цена на тутун по килограм од 400…

December 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Денарот е стабилен ‒ девизните резерви се зголемени за 40% за пет години

Денарот е стабилен, а гаранција за тоа е високото ниво на девизните резерви, коешто и покрај бројните шокови и натаму…

October 24, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Со сложени инженерски зафати кои првпат се користат во регионот, ќе го доизградиме автопатот Охрид – Кичево

Првпат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова за прв пат се изведува во регионот, а…

December 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?