Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Грипот не стивнува: Нови 3.035 заразени, 11,3 проценти повеќе од минатата недела, почина 78-годишен пациент
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Грипот не стивнува: Нови 3.035 заразени, 11,3 проценти повеќе од минатата недела, почина 78-годишен пациент
ЗДРАВЈЕ

Грипот не стивнува: Нови 3.035 заразени, 11,3 проценти повеќе од минатата недела, почина 78-годишен пациент

Објавено February 27, 2025 10:32
Сподели
Сподели

Од 17 до 23 месецов се пријавени 3.035 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, за 11,3 проценти повеќе во споредба со претходната недела, информираат утрово од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Пријавен бил еден смртен случај асоциран со грип во овој период.

Се работи за лице на возраст од 78 години од Скопје, кое било хоспитализирано во УК за пулмоалергологија. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена Influenza А(H3), појаснуваат од ИЈЗ.

Од новозаболените, 1.697 лица се на возраст од 15 до 64 години. Деца се 712 на возраст од пет до 14 години, а 375 се деца на возраст до четири години. Над 65 години се 251 лице.

Заболените се пријавени од 28 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје – 620, Куманово – 374, Битола – 306, Тетово – 176, Струмица – 174, Кавадарци – 143, Штип – 137, Велес – 130, Гостивар – 126, Дебар – 119, Свети Николе – 108, а во останатите, бројот на заболени е еднаков или помал од сто.

Во текот на оваа недела, во три извештајни единици се регистрира многу ниска, во три – сезонска, во 10 – средна, во седум – висока, а во Дебар, Ресен, Кавадарци, Кратово и Свети Николе – многу висока активност на вирусот на грип.

Вкупниот број случаи на грип и слични заболувања во сезоната 2024/2025 изнесува 17.375, посочуваат од ИЈЗ. Споредено со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 36,4 отсто, а во однос на моделот од последните 14 сезони, се регистрира зголемување од 12,3 проценти. Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани биле три починати лица асоцирани со грип.

Од ИЈЗ нагласуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Заклучно со осма недела, во Република Македонија вакцинирани се вкупно 72.293 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Отповикани девет амбасадори меѓу кои и: Жерновски, Рамчиловиќ, Крстевски…
Следна Статија Американски УСАИД истражители пристигнаа на Балканот – дали Македонија е следна?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Maggi повлекува супа од брокули во Германија поради можност за присуство на метални делови

Потрошувачите во Германија треба да бидат особено внимателни, откако компанијата Maggi објави дека повлекува од пазарот одредени серии од производот…

March 31, 2025
ЗДРАВЈЕ

Во Мексико потврден прв случај на мијаза кај човек

Мексиканското Министерство за здравство го потврди првиот случај на мијаза кај човек во земјата, соопшти владата. Случајот бил откриен кај…

April 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

Како да се ослободите од стресот?

Во време кога многу луѓе се соочуваат со неизвесност, кризи и брзи промени, без разлика дали станува збор за големи…

April 13, 2026
ЗДРАВЈЕ

Детската клиника во Скопје доби медицинска опрема вредна околу 2,7 милиони денари

Клиниката за детски болести во Скопје денеска прими донација – медицинска опрема или пет значајни медицински апарати – плазматерм, билирубинометар,…

November 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?