Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Групата која носела бразилки во „Џевахир“ за проституција, доби пресуда од Кривичниот суд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Групата која носела бразилки во „Џевахир“ за проституција, доби пресуда од Кривичниот суд
ХРОНИКА

Групата која носела бразилки во „Џевахир“ за проституција, доби пресуда од Кривичниот суд

Објавено July 18, 2025 17:35
Сподели
Сподели

Основниот кривичен суд – Скопје денеска донесе пресуда за тројца од вкупно четворицата обвинети во случајот со посредување на девојки од Бразил за проституција во Скопје. На првообвинетата Де Јесус Невес Марлиене, државјанин на Бразил, Судот ѝ изрече казна затвор во времетраење од пет години и шест месеци, додека на третообвинетиот Сабедин Демири и четвртоосомничениот Немања Михајловски, државјани на Македонија, им беше изречена алтернативна пресуда, односно една година затвор и една година и шест месеци доколку сторат кривично дело во следните три години. Судот на денешното рочиште донесе решение да се одвои постапката за второобвинетиот Маан Махмалад, државјанин на Македонија, бидејќи само тој не призна вина од четворицата обвинети.

Образложувајќи го обвинителниот акт, јавната обвинителка Сузана Мирчевска – Крстевска посочи дека тројца од обвинетите сториле кривични дела „Посредување при вршење на проституција“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“, додека четвртообвинетиот Михајловски само кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“.

Како што образложи Мирчевска – Крстевска, во временскиот период од декември 2023 година до декември 2024 година, од користољубие со умисла првообвинетата Де Јесус Невес Марлиене и второобвинетиот Маан Махмалад синхронизирано преземале дејствија, организирајќи го во целост сместувањето и животот на девојките од Бразил кои се занимавале со проституција. Во период од скоро една година, тие заради вршење на проституција во земјава прифатиле пет Бразилки од 26 до 38 години кои ги сместувале во претходно изнајмени станови во Скопје, во комплексот „Џевахир Холдинг“. Девојките биле сместени во два стана каде давале сексуални услуги на клиенти кои со нив стапувале во контакт преку меѓународна веб страна наменета за понуда на ескорт девојки во цела Европа.

Обвинителката додаде дека за Бразилките биле креирани профили каде биле постирани телефонски броеви, ценовник на сексуални и дополнителни услуги, како и фотографии со експлицитна содржина. За првообвинетата Де Јесус Невес Марлиене, рече дека ги контролирала профилите, контактирала со потенцијалните клиенти, го организирала дневниот распоред на клиентите за секоја девојка, како и го определувала времетраењето на давање на услугите кои се движеле од 150 евра за половина час, 200 евра еден час, 300 евра два часа, 450 евра три часа и 800 евра за цела ноќ за сексуални услуги. Како што наведе Мирчевска – Крстевска, за овој ангажман првообвинетата добивала 30 отсто од заработувачката на девојката.

За третообвинетиот Демири, обвинителката нагласи дека вршејќи ја својата професија на таксист бил во контакт со девојките од Бразил и ги превезувал секогаш кога им е потребно, како и им помагал при сместувањето, додека истите меѓусебно го предавале неговиот телефонски број како контакт на лице таксист во кој имаат доверба.

Покрај овие дејствија како таксист и како пријател со девојките на кој им помагал, тој вршел и дејствија – Перење пари, со оглед дека истиот несомнено бил запознаен како биле заработени тие пари, преку брз трансфер на пари за потребите на девојките испраќал парични средства на лица кои што му биле посочувани од страна на девојките. Во еден наврат има испратено парични средства и на првообвинетата во Португалија, со цел при испраќањето да не фигурираат податоци на гостинските испраќачи на пари, со што ќе се прикрие изворот на тие парични средства, односно казнивото дело со кое ги стекнувале тие парични средства, посочи обвинителката.

За четвртообвинетиот Михајловски, таа нагласи дека бил непосредно запознаен со начинот на којшто биле стекнувани паричните средства од страна на девојката која пружала сексуални услуги и таквите средства ги конвертирал во крипто валути, вршел трансакции со крипто валутите, како и на една од Бразилките ѝ отворил паричник за крипто валути.

Обвинетиот Немања е млад човек, но исто така на возраст која треба да значи созреаност и одговорност за сопствените постапки. Бил должен и свесен дека тоа што го прави претставува перење пари. Го знаел непосредно изворот на тие пари и ги користел криптовалутите, сметајќи дека тие се во сивата зона на платниот промет, рече обвинителката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Македонија е силно посветена на изградба и модернизација на транспортните коридори
Следна Статија Предметот за пожарот во „Пулс“ префрлен во надлежност на ОЈО Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Денеска пресуда за сообраќајката во која загина Фросина, нејзиното семејство бара највисока казна за Васил

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова, откако на…

May 13, 2025
ХРОНИКА

Почина Бошко од Кавадарци кој боледуваше од рак: „Единец на мајка, прости ни сине не можевме да те сочуваме“

Бошко Јанкулов, младиот кавадарчанец кој се бореше со малиген карцином на коски, карлица и бели дробови, за жал, ја загуби…

November 12, 2024
ХРОНИКА

Мотоциклист загина откако излетал од пат, сопатникот тешко повреден

На 16.04.2025 околу 18.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Копаница-с.Бојане, скопско, мотоцикл „сузуки“ со скопски…

April 17, 2025
ХРОНИКА

Се очекува Капушевски и Јаховски денеска да бидат изведени пред судија на претходна постапка

Приведените бизнисмени Ратко Капушевски и Асмир Јахоски се уште се во полициска станица и се очекува во попладневните часови да бидат изведени…

March 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?