Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Даме Димитровски нов претседател на Советот на Град Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Даме Димитровски нов претседател на Советот на Град Скопје
МАКЕДОНИЈА

Даме Димитровски нов претседател на Советот на Град Скопје

Објавено November 7, 2025 13:43
Сподели
Сподели

Даме Димитровски е избран за претседател на Советот на Град Скопје. Тој доби 23 гласа на денешната конститутивна седница на Советот, а беше предложен од советникот Луке Галески, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Димитровски доби поддршка од коалицијата „Твоја Македонија“, ЗНАМ и ВРЕДИ, но за него не гласаа советниците на Левица и СДСМ иако рекоа дека сепак, ќе го поддржат во работењето.

Во обраќањето по изборот, тој рече дека ќе се залага Скопје да стане подобро место за живеење, да има почист воздух и почиста животна средина, подобар јавен превоз, поквалитетно управување со отпадот,…

Како претседател ќе се залагам за три клучни принципи во работата на Советот. Прво: транспарентност – секој граѓанин ќе има право да знае како се носат одлуките, каде се трошат јавните средства и како ќе се реализираат проектите. И ќе ги отвориме вратите за јавноста. Ќе промовираме дигитална достапност и отчетност во секој чекор на Советот. Второ: дијалог – ова Собрание ќе има различни ставови за различни прашања, но не смее да има непријатели во Советот. Трето: визија – Иако градот има многу дневни проблеми, сакаме да градиме и Скопје за следните генерации. Да вложуваме во трајни проекти, зеленило, урбана култура, иновации и во нови можности за младите, истакна Димитровски.

Тој најави дека ќе ги води седниците на Советот на Градот во духот на почитувањето, аргументираната дебата и конструктивноста.

Ова не треба да биде само Совет што зборува, туку прво треба да биде Совет што слуша, подвлече Димитровски и дополни дека ќе биде претседател на дијалогот, а не на поделбите.

Димитровски информира дека следната недела ќе има седница за ребалансот на Буџетот на Градот.

На почетокот на денешната седница советниците прочитаа и потпишаа изјава за стапувањето на функцијата.

Советот на Град Скопје има вкупно 45 советници, а на денешната седница беа присутни 44.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За долг од 80 000 земале над 700.000 денари, приведени татко и син од Кавадарци
Следна Статија Скопскиот градоначалник најави ревизии во сите јавни претпријатија – докази и информации за можни незаконитости

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

Политичката партија Левица попладнево најави дека ќе поднесе апликација до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, откако Уставниот суд…

October 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Се собираат дополнителни докази за бегството на Артан Груби

Во моментов се собираат повеќе докази за тоа дали полицискиот службеник кој бил на смена кога Артан Груби ја напуштил…

January 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Пендаровски за Лајм ТВ – Нема друга логика освен Милошевиќ да го нарачал атентатот на Глигоров

Екс-председателот Стево Пендаровски во интервју за Лајм ТВ зборува за актуелната политичка состојба во државата. Тој исто така се осврти…

July 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Најновото линеарно зголемување од 2.500 денари за сите вработени во јавниот здравствен сектор – голем чекор напред

Со најновото линеарно зголемување од 2.500 денари за сите вработени во јавниот здравствен сектор направивме уште еден голем чекор напред.…

April 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?