Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дамјан Гацов, запаметете го ова име, може да стигне до тренер во НБА
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Дамјан Гацов, запаметете го ова име, може да стигне до тренер во НБА
Blog

Дамјан Гацов, запаметете го ова име, може да стигне до тренер во НБА

Објавено March 31, 2026 16:22
Сподели
Сподели

Дамјан Гацов на 22 години е официјално именуван за помошник-тренер на универзитетскиот кошаркарски тим на Универзитетот „Стентон“ во Лос Анџелес. Со тоа тој станува најмладиот Мaкедонец што некогаш бил дел од стручен штаб на еден американски универзитетски тим.

Гацов е трета година студент на спортски менаџмент и бизнис-администрација, студии преку кои го комбинира своето кошаркарско искуство со академско знаење. Универзитетот, како што велат од таму, ги препозна неговиот потенцијал и работната етика и реши да му даде шанса во професионалниот тренерски тим, што ретко се случува со студенти на оваа возраст.

Неговата кошаркарска приказна почнува во Македонија, каде што ги играше првите кошаркарски чекори уште од шестгодишна возраст, пет години во КК „Вардар“, а потоа и за македонската репрезентација во младинските категории. Талентот беше забележан и во САД, па своето средно образование го заврши во Јута, каде што како стипендист играше за кошаркарскиот тим на Лејтон. Таму го надгради својот стил, стекна американско искуство и силно се наметна како играч со лидерски потенцијал.

Неговото рано вклучување во тренерскиот свет се смета за голем чекор напред, особено затоа што американските универзитетски програми важат за една од најконкурентните спортски средини во светот.

Од Универзитетот „Стентон“ за МИА велат дека неговата работна етика и енергијата биле пресудни за изборот и дека очекуваат неговата младост и европското знаење да донесат нов дух во тимот.

– Го следиме неговиот развој веќе подолго време. Има исклучителна кошаркарска интелигенција и исклучителен пристап кон играта, но и менталитет што одговара на нашата филозофија. Иако е млад, неговата посветеност и способноста да комуницира со играчите се на највисоко ниво – истакна главниот тренер на Универзитетот „Стентон“ , Мајкл Акуна.

Поддршка и задоволство од неговиот успех искажа и неговиот тренер од КК „Вардар“, Никола Данев.

–  Дамјан имаше карактер на победник и беше упорен за докажување на теренот. Имаше добар шут за три поени. Помина неколку успешни сезони во нашиот клуб, каде што ни донесе и неколку трофеи. Задоволство за мене е кога ќе се слушне дека Дамјан Гацов се вклопил во еден од најдобрите кошаркарски системи во светот – вели за МИА неговиот поранешен тренер од „Вардар“.

Тој додава дека се гордее на неговиот напредок и на посветеноста што ја покажуваше изминатите години во Скопје.

–  Тој не е само одличен играч, туку и карактер што секој тренер би посакал да го има во тимот. Заминувањето во Калифорнија и можноста да биде помошник-тренер на Универзитетот „Стентон“ е голем чекор напред за него. Убеден сум дека ќе продолжи да се развива и ќе остави силен впечаток и таму – истакна тренерот Данев.

Според него, убаво е да се види како македонско дете се пробива во еден од најсилните спортски системи во светот.

– Во КК „Вардар“ вратите секогаш му се отворени за соработка, а воедно и своето искуство да го пренесе на помладите генерации. Му посакувам многу успех и среќа во Америка. Овој успех не нè изненади – нагласи Данев.

Назначувањето е оценето како голема можност не само за него туку и за сите млади македонски спортисти кои сонуваат за кариера во САД. Универзитетската програма на „Стентон“ е позната по развојот на играчи и тренери, а од клубот веруваат дека неговото европско знаење и нов пристап ќе донесат друга динамика во тимот.

Според Гацов, овој успех претставува силен поттик за сите млади спортисти во Македонија – доказ дека посветеноста, трудот и храброста да се чекори напред може да донесат резултати на светско ниво.

– Ова за мене е огромна чест и одговорност. Доаѓам од мала земја, но со големи соништа. Сакам да покажам дека македонските тренери и играчи може да бидат конкурентни на највисоко ниво. Им благодарам на сите што веруваа во мене – ова е само почеток – изјави Гацов.

 

Средба со Никола Јокиќ и Богдан Богдановиќ

 

Гацов го следеше и последниот натпревар на „Денвер“ за кој имаше специјален подарок, влезница лично од најдобриот кошаркар во светот, НБА-играчот Никола Јокиќ, со кого имаше кратка средба

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина голманот на најдобрата бугарска репрезентација која беше четврта на светот
Следна Статија Еве зошто жените живеат подолго од мажите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

8 dead in Tahoe avalanche; victims include Sugar Bowl ski team moms – San Francisco Chronicle

Eight people were killed in a Tahoe backcountry avalanche. Among the victims were mothers of Sugar Bowl youth team skiers,…

February 20, 2026

Берзански идни договори на Dow Jones: Акциите се подигаат, но чекајте на ова; Nvidia, Apple, Eli Lilly во фокус

Надежите за намалување на каматните стапки на Федералните резерви ги кревнаа главните индекси во петокот, но неделните загуби беа остри

November 23, 2025
Blog

Мицкоски со божиќна порака: Грижата за семејствата е грижа за иднината на Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски во својата божиќна честитка порачува дека Божиќ е ден кога тишината зборува погласно од зборовите и кога…

January 7, 2026
Blog

Шпанија против изнајмување станови за туристи: Нареди отстранување на 66.000 огласи за апартмани на Airbnb

Шпанската влада побара отстранување на огласи за речиси 66.000 недвижности на платформата за изнајмување Airbnb, поради кршење на прописите за…

May 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?