Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Данска го повика американскиот дипломат во Копенхаген поради сомнежи за тајни операции во Гренланд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Данска го повика американскиот дипломат во Копенхаген поради сомнежи за тајни операции во Гренланд
СВЕТ

Данска го повика американскиот дипломат во Копенхаген поради сомнежи за тајни операции во Гренланд

Објавено August 27, 2025 16:50
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи на Данска, Ларс Локе Расмусен, го повика највисокиот американски дипломат во Копенхаген, откако државната телевизија „DR“ објави извештај дека американски државјани спроведувале тајни операции во Гренланд, пишува Би-би-си.

Според телевизијата „DR“, целта на операциите била инфилтрација во гренландското општество и промовирање на негово отцепување од Данска и приклучување кон САД. Иако извештајот не открива за кого работеле тие лица, данската разузнавачка служба предупреди дека Гренланд е мета на „различни видови кампањи за влијание“.

„Секој обид за мешање во внатрешните работи на Кралството е неприфатлив“, изјави Расмусен, додавајќи дека во тој контекст бил повикан американскиот отправник на работи Марк Строу.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повеќепати изјави дека сака да ја анектира територијата.

Данската разузнавачка служба (PET) проценува дека кампањите за влијание имаат за цел да внесат раздор во односите меѓу Данска и Гренланд, преку искористување на постоечки или измислени несогласувања и преку дезинформации. Разузнавачката служба соопшти дека го засилила своето присуство во Гренланд и соработката со локалните власти.

„DR“ извести дека Американец го посетил главниот град на Гренланд, при што се обидувал да состави список на жители кои ја поддржуваат американската идеја за преземање на островот. Целта, според медиумот, била тие лица да се регрутираат во сепаратистичко движење.

Случајот доаѓа неколку месеци по друг извештај во „Wall Street Journal“, во кој се наведува дека американските разузнавачки агенции се насочени кон активности во Гренланд.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Билал Суџубаши по осум години на чело на Халкбанк АД Скопје заминува на нова функција
Следна Статија Димитриеска Кочоска: По подолг период економијата закрепнува, при што во првиот квартал растот од 3% е еден од највисоките во Европа и регионот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

И официјално: Трамп е 47-от претседател на САД!

Доналд Трамп беше 45-ти, а сега е и 47. претседател на САД. Откако беше објавено дека победил и во Висконсин…

November 6, 2024
СВЕТ

Oва се сите трошоци: Можат ли Македонците во Германија да дојдат до сопствена куќа или стан?

Можат ли Македонците кои живеат во Германија да дојдат до свој дом? Центрите за советување потрошувачи, банките и финансиските експерти…

January 30, 2025
СВЕТ

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

Израелската влада синоќа го одобри договорот со кој Хамас ќе ги ослободи сите 48 преостанати заложници во Газа, соопшти Кабинетот…

October 10, 2025
СВЕТ

Кос: Советот на ЕУ во ноември би можел да донесе одлука за старт на пристапните преговори со Украина и Молдавија

Кос: Советот на ЕУ во ноември би можел да донесе одлука за старт на пристапните преговори со Украина и Молдавија…

October 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?