Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Да се исклучи телефонот и да се пријави во МВР, Тошковски со совет за телефонски измами со наводни сообраќајни незгоди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Да се исклучи телефонот и да се пријави во МВР, Тошковски со совет за телефонски измами со наводни сообраќајни незгоди
МАКЕДОНИЈА

Да се исклучи телефонот и да се пријави во МВР, Тошковски со совет за телефонски измами со наводни сообраќајни незгоди

Објавено August 20, 2025 18:05
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска преку видео објавено на неговиот Фејсбук профил истакнува дека телефонски измами со наводни сообраќајни незгоди сѐ почесто таргетираат постари граѓани. Наша заедничка одговорност, посочи тој, е да им укажеме како да ги препознаат и да се заштитат.

-Многу е битно македонските граѓани да знаат дека доколку било каква ситуација се случи да бидат повикани на телефон, од страна на било кој наводен инспектор, полицаец, доктор, судија и така натаму, во таков случај не треба да продолжат во комуникација со него. Измамниците сакаат цело време да ја држат жртвата на телефон, не му дозволуваат, практично со цело време давање на лоши информации за нивните најблиски да го затворат телефонот, рече Тошковски на денешното гостување на Утринската програма на МТВ.

Министерот ги советува жртвите да не продолжат во комуникација кога ќе се посомневаат дека станува збор за измама.

-Треба да го исклучат телефонот и веднаш да известат на 112, да се јават на телефонскиот број 112 кој што е во Центарот за управување со кризи и ќе ги пренасочи во МВР откако ќе кажат дека се сомневаат за измама или директно да ѕвонат на 192 во МВР и директно да информираат дека се сомневаат за одредена измама, по што ќе бидат исконтактирани инспекторите кои работат во МВР, ќе дојдат не лице место и ќе продолжат понатака со соодветни дејствија во насока на расветлување на конкретниот случај. Значи, советот е никако да не продолжат во комуникација кога ќе се посомневаат дека станува збор за измама, нагласи министерот Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Си-Ен-Ен: Путин нема да се сретне со Зеленски
Следна Статија Орце Ѓорѓиевски на кафе со Влатко Стефановски: Ќе го направиме Скопје културно катче

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Предлог-извештај на ЕК: Македонија треба да го интензивира темпото на реформи

Македонија преставува добар пример за изградба на мултиетничко општество, но земјата мора да ја зајакне довербата во правосудниот систем, да…

October 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Започна 16-тата Школа за млади лидери „Младинска агенда за одржлив свет“

Синоќа започна 16-тата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, која ќе се одржува во следните две недели, во периодот…

November 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Есена почнува во понеделник, на 22 септември: Деновите се пократки, порано се стемнува

Есента започнува во понеделник, 22 септември во 20:19 часот. Во Северната Хемисфера, есента е дефинирана како период кој започнува од…

September 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Милан Стефановски: Преку САД го свртевме вниманието на ЕУ кон нас

Не знам зошто во целост би ја следеле надворешната политика на ЕУ, кога ние не сме членка а од друга…

February 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?