Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Девет првачиња во општина Пустец, едно повеќе од лани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Девет првачиња во општина Пустец, едно повеќе од лани
БАЛКАН

Девет првачиња во општина Пустец, едно повеќе од лани

Објавено September 8, 2025 17:15
Сподели
Сподели

Во новата 2025/2026 учебна година, што во Албанија почна денеска, за првпат во ученичка клупа, во општина Пустец, седнаа девет првачиња.

– Споредено со минатата учебна година имаме едно прваче повеќе. Од девет колку што се оваа учебна година, пет се во деветолетката во Пустец, останатите во другите населени места. Во предучилишното образование, вклучително и гимназијата, оваа учебна година имаме вкупно 115 ученици, изјави за МИА, градоначалникот Пали Колефски.

Тој додаде дека на првиот училиштен ден, традиционално бил со учениците во деветолетката во Пустец и на учениците им посакал среќен почеток и многу успех во совладувањето на наставните единици.

– На учениците и на нивните наставници им посакав добро здравје, среќа, успешен почеток и тек на наставно-образовниот процес во оваа учебна година. Посебни честитки до оние кои првпат седнуваат во ученичка клупа. Годината да биде исполнета со другарство, радост и успех. Нашите деца се иднината на општина Пустец и секој нивен чекор на патот на знаењето е чекор напред за целата наша заедница, рече Колефски.

Тој посочи дека како локална власт ќе продолжат да бидат секогаш до учениците и училиштата и да работат за подобри услови во образованието.

Општината некогаш имала над седум илјади жители, но, поради миграцијата, бројот на постојаните жители од година во година е сè помал. Во периодот меѓу двата пописа, 2011-2023 година, бројот на населението во Пустец се намалил за 43 отсто, односно од околу пет илјади на 1887 жители и е меѓу четирите општини во Албанија со најголем пад на бројот на жители

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ахмети: Уставот од 1974 година беше изменет во 1989 еднострано, со што Албанците беа лишени од државотворниот статус
Следна Статија Најмалку 10 загинати на протести во Непал поради забрана на социјалните мрежи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Лажен кол центар откриен во Белград: Ги мамеле граѓаните да инвестираат во криптовалути

Преку илегален кол-центар (центар за повици) во Белград биле измамени граѓани на кои им било сугерирано да инвестираат во криптовалути.…

October 24, 2024
БАЛКАН

Туристи демолирале хотел во Белград, тепале се пред себе (ВИДЕО)

Инцидент во хотел во Белград за време на новогодишната ноќ. Како што пренесува српски Блиц, група туристи од Виена ја уништиле…

January 2, 2025
БАЛКАН

На голема церемонија устоличен поглаварот на Албанската православна црква г. Јоан

Во катедралата „Воскресение Христово“ во Тирана денеска се одржа официјалната церемонија на устоличување на новиот архиепископ на Тирана, Драч и…

March 29, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Додик слави и пее по победата на Трамп

По коктелот по повод победата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп, претседателот на Република Српска Милорад Додик со најблиските соработници со…

November 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?