Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Девизните резерви во ноември повисоки за 19 милиони евра во однос на октомври
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Девизните резерви во ноември повисоки за 19 милиони евра во однос на октомври
ЕКОНОМИЈА

Девизните резерви во ноември повисоки за 19 милиони евра во однос на октомври

Објавено December 10, 2025 08:44
Сподели
Сподели

На крајот на ноември 2025 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 4.862,2 милиона евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 19 милиони евра. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (73,9%), по што следуваат монетарното злато (16,4%) и валутите и депозитите (9,7%), велат од Народната банка.

Од Народната банка напоменуваат дека податоците се однесуваат на состојбата на девизните резерви и останати девизни средства на НБРСМ на определен датум. Девизните резерви се дефинираат како средства коишто ѝ се веднаш расположливи на монетарната власт и се контролирани од монетарната власт, а служат за финансирање на платниот биланс преку интервенција на девизниот пазар со цел да се влијае врз девизниот курс и/или за други цели. Останатите девизни средства се составени од девизните средства на централната банка коишто не ги исполнуваат основните критериуми за нивно вклучување во девизните резерви.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Клековски: Нема доцнење во исплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични доктори
Следна Статија Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Епл пријавува најдобри досега продажби на iPhone, додека Mac бележи пад

Приходите на компанијата беа зголемени поради продажбата на iPhone, но продажбата на носливи технолошки уреди и Mac компјутери забележа пад.

January 31, 2026
ЕКОНОМИЈА

Секој што може нека работи од дома, енергетската криза доаѓа, велат од Меѓународната агенција за енергија

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) презентираше серија предлози за ублажување на притисокот врз цените на нафтата за потрошувачите, вклучувајќи работа…

March 20, 2026
ЕКОНОМИЈА

Славески: Очекувањата се дека годишната инфлација ќе биде околу четири проценти

Очекувањата на гувернерот на Народната банка Трајко Славески се дека годината ќе ја завршиме со инфлација од 4 или приближно…

December 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Планираме изградба на нови патишта во Источна и Централна Македонија

Имаме силни амбиции за годините што следат а тоа е да изградиме експресен пат од Куманово до Страцин, да го…

February 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?