Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Демократска партија на Турците го напушти Европскиот фронт на ДУИ и на локалните избори ќе настапи самостојно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Демократска партија на Турците го напушти Европскиот фронт на ДУИ и на локалните избори ќе настапи самостојно
ПОЛИТИКА

Демократска партија на Турците го напушти Европскиот фронт на ДУИ и на локалните избори ќе настапи самостојно

Објавено August 14, 2025 17:59
Сподели
Сподели

Демократска партија на Турците на Македонија, која беше дел од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, денеска преку соопштение информира дека органите на партијата донеле одлука на локалните избори закажани на 19 октомври да настапи самостојно.

-Денес, како Демократска партија на Турците на Македонија, се обраќаме пред вас со одлука што ќе отвори ново и значајно поглавје во политичката историја на турската заедница во нашата земја. По долги и темелни консултации со нашите членови, органи и сограѓани, Централниот управен одбор и Централното собрание на партијата донесе едногласно одлука дека на локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври 2025 година, ДПТМ ќе настапи самостојно – со сопствени кандидати за советници и кандидати за градоначалници во општините каде што живее претежно популација од турската заедница, потенцираат од ДПТМ.

Од партијата посочуваат дека за нив изборите не се обична трка за советнички места, туку, како што велат, тие се борба за достоинствено, јасно и ефикасно политичко претставување на турската заедница.

-Во согласност со јасно изразената волја на народот, донесена е и одлука за излегување од коалицијата „Европски фронт“. Со овој чекор ја зацврстуваме нашата независна политичка позиција и ја потврдуваме нашата решеност директно да му служиме на народот, без посредници и компромиси што би ја разлабавиле нашата мисија. Демократската партија на Турците на Македонија останува верен и доследен чувар на интересите на турската заедница. Листите за советници ќе ги составуваме во непосредна соработка со народот – нашите врати остануваат отворени за секој граѓанин кој сака активно да придонесе за подобра иднина. Секој наш кандидат ќе биде дел од народот и глас на народот. Ние ќе дејствуваме целосно независно, водени од нашата визија, принципи и верба во заедничките вредности, се наведува во соопштението на партијата.

Нашата цел, како што посочуваат од ДПТМ, не е само да победиме на изборите, туку да обезбедиме достоинствено и ефективно претставување на турската заедница пред локалните власти.

-Заедно ќе чекориме, заедно ќе успееме. Сега е времето за единство! Нека овие избори бидат на чест и корист за нашата држава, нашата нација, нашиот народ и нашата партија, соопштуваат од Демократската Партија на Турците на Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ: Разрешениот Нанев токму Тошковски го вработи во МВР – ДПМНЕ се дозакопа за скандалите со Еразмус+
Следна Статија Трамп: Постојат 25 проценти веројатност состанокот во Енкориџ да не успее, Путин е подготвен на договор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Апстиненција е награда за ДПМНЕ, повикувам на мобилизација на локалните избори

„Локалните избори се момент на важна одлука за секоја општина, но и за Македонија. Или ќе ја браниме куќата што…

October 6, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Без техничка влада со „Сејф сити“ ќе се следат граѓаните и опозицијата за време на изборниот процес

Техничката влада е последната линија на одбрана од целосно заробување на слободната волја на граѓаните за време на изборниот процес…

January 9, 2026
ПОЛИТИКА

Јаулески: Кланот Муртино-Зајас, направи груба партизација на институциите и безбедносните структури

На денешната седница на пратенички прашања во Собранието, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески упати три прашања до премиерот…

December 26, 2024
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски најавува нови содржини на Скупи, Кале и Аквадуктот – Еве како ќе изгледаат (ВИДЕО)

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски истакнува дека време е културата да ги соедини минатото и…

October 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?