Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Десет млади лица ќе учат за пилоти, а АЦВ ќе плати половина од сумата за обуката
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Десет млади лица ќе учат за пилоти, а АЦВ ќе плати половина од сумата за обуката
МАКЕДОНИЈА

Десет млади лица ќе учат за пилоти, а АЦВ ќе плати половина од сумата за обуката

Објавено August 1, 2025 17:32
Сподели
Сподели

Десет млади лица ќе учат за пилоти. Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе плати половина од парите потребни за нивна обука или 4.200 од потребните 8.400 евра. Десетте избрани кандидати добија решенија, откако беа избрани на огласот на Агенцијата.

Идните пилоти пресреќни дека им се исполнил животниот сон. Марко веќе работи во контрола на летање, а Александар од електроинженер решил да стане пилот.

„Нашите пилоти на Ер тракторите кои што морам да признаам дека ги обожавам. Секој ден зборам со нив и многу се гордеам со тоа што го прават. Многу ги почитувам. И се надевам дека ќе можам наскоро и јас да им помагам. Бидејќи навистина има денови каде што по 12 саати летаат и гасат пожари и мислам дека тие се најхрабрите пилоти бидејќи не можам да замислам нешто пострашно со авион да влезеш во шума во оган каде ништо не се гледа“, вели Марко Колеќески.

„По струка сум електроинженер и решив, уште од мали нозе имам желба да станам пилот. Ова ми е една одлична можност да можам да го започнам својот сон. Мојата иднина ја гледам во капетан на комерцијален авион и се надевам дека ќе може нешто да се постигне за нашата држава да им се повеќе во таа индустрија. Надлежните веруваат дека со ова ќе се ублажи хроничниот недостаток на пилоти во земјава, што најмногу се чувствува во летниот период кога се актуелни пожарите“, вели Александар Чавлески.

„Во Дирекцијата за заштита и спасување имаме три авиони. Во фаза кога се гасат пожари потребно е минимум двајца пилоти на еден воздухоплов, како би имале соодветна замена, а ние имаме сега еден пилот редовно вработен и двајца пензионери кои што се вратени по договор. Значи во моментов таму ни фалат тројца, фалат и во Агенцијата за цивилно воздухопловство, можеби во Министерството за внатрешни работи“, вели Драги Стојаноски.

„Процесот е отворен и транспарентен, тоа го истакнаа сите. Се надевам дека на следниот ќе има уште поголем интерес и уште поголем број на пријавени кандидати и дека истите покрај во условно кажано во државниот сектор, ќе можат да бидат ангажирани и во приватниот сектор“, вели Александар Николоски.

АЦВ ќе распише уште еден оглас со кој ќе се бараат уште 9 кандидати. Најавите се дека може да се одвојат повеќе пари наредната година и да се финансираат и понапредни обуки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Постапката за разрешување на Коцевски продолжува по изборите
Следна Статија Николоски: Орце Ѓорѓиевски ќе биде идниот градноначалник на Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Влада на Обединетото Кралство со соопштение за одлуката за стратешко партнерство со Македонија

Прес-службата на Владата на Обединетото Кралство обавува дека премиерот Кир Стармер, се сретна со премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски на…

May 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

ОЈО: Не се пријавени инциденти или неправилности на гласачките места кои би имале елементи на кривично дело

Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден од Локалните избори 2025 година до овој момент…

October 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ќе одржи прес-конференција

Денеска 16.03.2025 година (недела) во 18:00 часот претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски ќе одржи прес-конференција во Медија центарот…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Eвропскиот парламент го усвои извештајот за Македонија без „македонски јазик и идентитет“

Европскиот парламент го усвои извештајот за напредокот на Македонија,  а по бугарско-грчките лобирања и притисоци од финалната верзија беа отстранети…

July 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?