Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Детали за акцијата: Уапсени вкупно 6 лица за криминал во РЕК Битола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Детали за акцијата: Уапсени вкупно 6 лица за криминал во РЕК Битола
ХРОНИКА

Детали за акцијата: Уапсени вкупно 6 лица за криминал во РЕК Битола

Објавено October 9, 2025 15:58
Сподели
Сподели

Вкупно 8 лица се осомничени во последната акција на Финансиската полиција и битолското Обвинителство, дознава Press24 од извори во истрагата. Според информациите, меѓу приведените покрај сопственикот на компанијата Марковски, Борче Марковски, осомничен и еден вработен во оваа приватна фирма.

Останатите осомничени се дел од поранешното раководство на ЕСМ и РЕК Битола. Станува збор за технички директори. Четворица од нив утрово биле уапсени додека двајца се наоѓаат под мерки за претпазливост бидејќи се веќе осомничени во претходните истраги кои се водеа за наводен криминал во РЕК Битола.

Според информациите до кои дојде Press24 обвинителството ќе ги сомничи за тендер тежок 106 милиони денари, пари за кои компанијата требало да демонтира, транспортира и да монтира погонски станици од РЕК Осломеј во РЕК Битола.

Според нашите информации добиени од истрагата, компанијата Марковски ги демонтирала погонските станици од РЕК Осломеј, ги донела во Битола но никогаш не ги монтирала иако и тоа било дел од Договорот за јавна набавка.

Според информациите станува збор за ленти на кои се превезувал ископоот од еден на друг дел во комбинатот.
Дополнително, истрагата се сомнева и во потребата од префрлање на овие транспортни ленти од едниот во другиот комбинат, имајќи предвид дека самиот рударски проект врз основа на кој се работело во моментот предвидувал транспортот на ископините да се врши со багери и камиони од една до друга точка што го отвора прашањето, зошто било потребно да се префрлаат транспортните ленти од едниот во другиот комбинат, а сомнежите се дека тоа се правело за да се испумпуваат пари од буџетот.

Од Обвинителството официјално потврдуваат само дека се постапува по наредби на ОЈО Битола без повеќе детали. Оттаму велат дека сите информации наскоро ќе бидат споделени со јавноста.

Неофицијално, сите 6 осомничени лица кои се приведени утрово во моментов се наоѓаат во полициска станица и се чека до крајот на денов или утре наутро да бидат изведени пред надлежен судија на претходна постапка кој би одлучувал по евентуално побараните мерки од надлежниот Обвинител.

Борче Марковски е битолскиот бизнисмен кој утрово во акција координирана меѓу битолското обвинителство и Финансиската полиција бил приведен за наводни злоупотреби при тендерска постапка тешка над 100 милиони денари.
Борче Марковски е сопственик на компанијата Марковски компани која што во време на претходната власт редовно добиваше тендери за ископ на јаловина во рудниците во РЕК Битола. Тој истовремено е и конзул на Белорусија во Македонија.

Според Централниот регистар, „Марковски Компани“ е основана во 2002 година, со седиште во Битола и дејност насочена кон нискоградба, земјени работи, изградба на патишта и ископи. Компанијата располага со возен и машински парк и има повеќе од 300 вработени. Во последните години бележи значителен раст на приходите — во 2024 година тие достигнале речиси 2,8 милијарди денари, што ја вбројува меѓу најголемите градежни фирми во регионот.

Најголемиот бизнис-исчекор на „Марковски Компани“ дојде со склучувањето на договори со РЕК Битола, дел од државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Станува збор за договори за ископ на јаглен и јаловина, како и за одржување и механизација во рудничките постројки. Еден од најголемите тендери, објавен во 2023 година, вредеше околу 46 милиони евра, што беше рекорден износ во историјата на овој комбинат.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Половина од анкетираните млади се соочиле со корупција во образованието
Следна Статија Османи тврди дека напролет ќе има предвремени парламентарни избор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ВИДЕО) Целосно изгоре автобус на ЈСП

Во попладневните часови во селото Грушино, во близина на Арачиново, се случи сериозен инцидент кога автобус на ЈСП бил зафатен…

July 2, 2025
ХРОНИКА

Ин мемориам: Почина Ристо Ќорнаков, член на легендарната група „Зијан“

Во 61-та година од животот почина Ристо Ице Ќорнаков (1963-2024), член на легендарната гевгелиска поп-рок група „ЗИЈАН“. Пред еден месец…

December 28, 2024
ХРОНИКА

Царината заплени тутунски производи, автоделови, ветеринарни лекови, девизи, облека

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари,…

May 21, 2025
ХРОНИКА

Запален автомобил на јавен обвинител од Скопје

Во текот на ноќта засега непознати сторители опожариле автомобил на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Интензивно се преземаат…

February 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?