Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДЗС се засили со уште еден професионален пилот – наскоро оглас и за пилоти на „ер тракторите“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ДЗС се засили со уште еден професионален пилот – наскоро оглас и за пилоти на „ер тракторите“
МАКЕДОНИЈА

ДЗС се засили со уште еден професионален пилот – наскоро оглас и за пилоти на „ер тракторите“

Објавено January 5, 2026 11:50
Сподели
Сподели

Во новата година Дирекцијата за заштита и спасување се засилува со уште еден професионален пилот. Се работи за пензионираниот армиски полковник Роберт Малезански, воен пилот кој во својата кариера има управувано и дејствувано со различни типови на летала вклучително и борбени авиони „галеб“, „супер галеб“, „МиГ“ 21, „сухој“ 25 и борбени хеликоптери „Ми“ 17 и „Ми“ 24 како и со различни типови спортски авиони.

Во неговата армиска кариера, Малезански, има извршувано повеќе должности вклучително и командант на „Воздухопловниот винг“ на Армијата. Истовремено е инструктор за летање и пробен пилот. Инаку, во договор со директорот на ДЗ, Стојанче Ангелов, пензионираниот полковник, Роберт Малезански, прифати да ја прекине воената пензија и професионално да се вработи во ДЗС како раководител на авио-одделението, пилот и дел од најтесниот кабинет на директорот Ангелов.

Заедно со полковникот, полковник Малезански, ДЗС во 2026 година влегува со пет (5) пилоти од коишто три (3) се професионално вработени во авио-одделението на ДЗС и два (2) пензионирани пилота се со договор на дело.

Во оваа прилика, ДЗС ги информира сите потенцијални кандидати за пилоти на „ер трактори“ дека ДЗС од Министерството за финансии обезбеди согласност за вработување на уште два пилота.

Заинтересираните кандидати можат да добијат детални информации од полковникот Малезански. Огласот ќе биде објавен дополнително.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Seahawks тријумфираат и освојуваат врвно место во НФЦ плеј-офот
Следна Статија Основачите на Twitter и Pinterest лансираат апликација како противотров на социјалните медиуми

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во „Св.Наум Охридски” се наоѓаат 29 пациенти, двајца на респиратор

Директорот на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски”-Скопје, Небојша Настов во изјава за медиумите информира дека во оваа здравствена…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

150 години од раѓањето на великанот Крсте Петков Мисирков

На 18 ноевмри во 1874 година во селото Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист,…

November 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Славески: Арсовска треба да сноси одговорност за недоставениот предлог – Буџет

Градоначалникот Данела Арсовска деновиве ја пее својата “лебедова песна”. На аргументираните ставови изнесени на прес конференција од страна на членот…

December 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Од 15 до 500 евра: МВР ги објави казните од „Безбеден град“

Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…

January 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?