Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДИК ги потврди новите градоначалници на Гостивар, Врапчиште, Маврово Ростуше и Центар Жупа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДИК ги потврди новите градоначалници на Гостивар, Врапчиште, Маврово Ростуше и Центар Жупа
ПОЛИТИКА

ДИК ги потврди новите градоначалници на Гостивар, Врапчиште, Маврово Ростуше и Центар Жупа

Објавено January 14, 2026 18:11
Сподели
Сподели

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги потврди имињата на Ваљбон Лимани и Исен Шабани од Национална алијанса за интеграција, Онер Јакуповски од коалиција „Твоја Македонија“ и Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците, за нови градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово Ростуше и Центар Жупа.

Потпретседателот на ДИК, Абдуш Демири кажа дека Комисијата ги задолжува општинските изборни комисии да постапат според Изборниот законик и веднаш да ги објават конечните резултати од гласањето одржано на 11 јануари.

Ангелчо Ристов од ДИК се осврна на гласачкото место во Гостивар, каде не било спроведено гласање.

– Пред да пристапи Комисијата кон објава на конечни резултати, ДИК мора да донесе одлука за не спроведување на гласање на избирачкото место 0782 за општина Гостивар, на кое избирачко место на 11 јануари во согласност со членот 104 и став 2 од Изборниот законик, поради лошите временски услови, не беше спроведено гласање, појасни Ристов на почетокот на седницата.

Тој рече дека на ова избирачко место биле запишани само 23 лица со право на глас, а можело да се утврди дека на бројот на запишани гласачи, не влијае – врз однос на остварените резултати кон кандидатите за градоначалник на општината.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Гласањето на дијаспората треба да се разгледува заедно со една изборна единица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Пред очите на јавноста се одвива уште еден „проект“ без план

Опозициската СДСМ денес алармираше за, како што велат, „сериозен сомнеж за криминал од огромни размери што се подготвува од Владата…

June 20, 2025
ПОЛИТИКА

Заседава Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, се очекува Мицкоски да објави нови кандидати за градоначалници

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во седиштето на партијата во Скопје почна седница на која се очекува да бидат утврдени нови…

July 6, 2025
ПОЛИТИКА

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Владата е стабилна и силна

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ денес одржа редовна седница, на која се дискутираше за актуелната состојба во државата и подготовка за избори.…

April 27, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка омраза преку фотомонтажи за Кочанската трагедија – осуда и пад на сите етички граници

ВМРО-ДПМНЕ со најостра осуда реагира на срамниот, злонамерен и монструозен обид за политичка злоупотреба на трагичните настани во Кочани преку…

September 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?