Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДИК разреши 2 избирачки одбори во Шуто Oризари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ДИК разреши 2 избирачки одбори во Шуто Oризари
МАКЕДОНИЈА

ДИК разреши 2 избирачки одбори во Шуто Oризари

Објавено October 27, 2025 16:51
Сподели
Сподели

Државната изборна комисија разреши 2 Избирачки одбори од 2 избирачки места во Шуто Оризари, откако Управниот суд ги поништи резултатите од гласањето по тужбата на Движењето „Одлучно за промени“ кое ја поднесе против решението на ДИК. Од Комисијата го повикаа Обвинителството ова да го смета како информација по допрен глас против членовите на овие два избирачки одбори.

-Ова може Обвинителството да го смета слободно како информација по допрен глас, така да и без посебно некое наше известување може да се заинтересира, ние ќе ја доставиме целокупната наша документација, евентуално доколку има основи, на кој начин, случајно, намерно, од кого, кога се направени ваквите пропусти и дали има простор за евентуална одговорност и постапување, вели претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

Кондарко кажа дека со ова испраќаат порака дека нема да се толерира никакво незаконско работење на Избирачките одбори.

Покрај што ќе се разрешат одборите, од ДИК кажаа дека по расветлување на фактичката состојба треба да ги известат и работодавачите бидејќи лицата се јавни службеници вработени во јавен сектор.

-За наведените Избирачки места до Државната изборна единица е доставен записник број 16 во оригинал. Како таков тој записник има третман на доверлив материјал и истиот има својство на јавна исправа. Така да ако некој, согласно одлуките на Управниот суд се дрзнал во јавна исправа да внесе податоци кои што не одговараат на реалната фактичка состојба, укажувам дека тоа е кривично дело, вели Ангелчо Ристов од ДИК.

Нови членови на избирачките одбори на избирачките места 2962 и 2966 во Шуто оризари, ќе се назначат на утрешната седница на ДИК откако ќе се дочекаат сите одлуки на Управниот суд. Тие ќе бидат од други општински одбори каде е завршено гласањето Од Комисијата за утре најавија целосни конечни резултати каде ќе има гласање во втор круг каде се завршени изборите во прв круг.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Средба на Сиљановска-Давкова со професорите Мартиновски и Конески
Следна Статија Лукровски најави бесплатни прегледи за остеопороза за жени над 50 години во приватна болница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Полицијата со нова „алатка“ за ловење на дрогирани возачи: Ќе ги тестира за 10 минути преку тест со плунка

Министерството за внатрешни работи наскоро ќе ја засили контролата на учесниците во сообраќајот со набавка на нова генерација брзи тестови…

August 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонецот Игор Радев во топ 10 синолози во светот

Македонскиот филолог, лингвист, синолог и преведувач од старокинески и кинески јазик Игор Радев се најде на листата од најистакнати синолози…

January 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Зијадин Села го оспори „Безбеден град“ пред Уставен суд

Зијадин Села од Алијанса за Албанците денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценка на уставноста на Законот за прекршоци,…

January 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)

Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите, а утре ја празнуваат Педесетница - Слегување на…

June 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?