Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриевски: Венко, за што ќе ја користиш златната виза од Дубаи, со една нога надвор не се станува водач
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Димитриевски: Венко, за што ќе ја користиш златната виза од Дубаи, со една нога надвор не се станува водач
ПОЛИТИКА

Димитриевски: Венко, за што ќе ја користиш златната виза од Дубаи, со една нога надвор не се станува водач

Објавено May 11, 2025 10:00
Сподели
Сподели

На средбата со граѓани, членови и симпатизери на Движење ЗНАМ за Наша
Македонија во Охрид, претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски оцени
дека СДСМ е структура која ја изгубила врската со реалноста и денес
опстојува само преку фабрикувани скандали и ПР-трикови.

Оттука тој директно се обрати до Венко Филипче:

„Венко, за што ќе ја искористиш ’златната виза’ од Дубаи која призна
дека ја поседуваш? Човек кој добил можност трајно да се исели од
државата, не може да биде партиски лидер. Со една нога надвор од
Македонија, со мисла за бегство наместо за обнова – не се станува водач
на народ. Златна виза во џеб значи златна резерва за бегство – а не
визија за иднината на нашата татковина.“

Претседателот на ЗНАМ упати силен повик до членовите на СДСМ:

„Ги повикувам сите искрени, чесни и достоинствени членови на СДСМ – оние
кои сè уште веруваат во идејата за правда, еднаквост и општество за
сите, да станат дел од вистинската промена.
Доста беше да гледате како Вашата партија се претвора во празна обвивка
водена од лични амбиции и привилегии. Знаеме дека има луѓе меѓу вас кои
не се сложуваат со тивката капитулација пред елитизмот и корупцијата.
Време е да кажете „доста е“ и да се приклучите на движење што не ги
купува идеалите – туку ги живее.

Ова е повик до Вашата совест. Не заради нас – туку заради иднината на
оваа земја. ЗНАМ не прави разлика меѓу левица и десница – туку меѓу оние
што сакаат Македонија да успее и оние што ја користат како заложник за
лична корист. Вие, вистинските социјалдемократи, знаете што значи борба
за правда, знаете што значи солидарност. Тоа што го браневте некогаш,
денес го гуши актуелното раководство. Време е да застанете од правата
страна на историјата – за народот, а не за фотелјите.“

На теренските средби доминираа теми што вистински ги засегаат граѓаните
– блокирани инвестиции, нефункционално јавно здравство, масовното
иселување на младите, непотизам и институционална парализа.

Движењето ЗНАМ ќе продолжи со теренски средби низ целата држава

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Објавена листата на 10-те најбогати актери во светот за 2025 година
Следна Статија Зеленски му одговори на Путин: Подготвени сме за прекин на огнот од утре

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Демократска партија на Турците го напушти Европскиот фронт на ДУИ и на локалните избори ќе настапи самостојно

Демократска партија на Турците на Македонија, која беше дел од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, денеска преку соопштение информира…

August 14, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити: Нема преговори за промена на химната и грбот

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити изјави дека не се водат…

February 20, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на изборите, затоа во втор круг со голема масовност да ја заокружиме бројката од 59 градоначалници

Ви благодарам за поддршката во првиот круг. Нијанси фалеа за да се заврши работата уште во првиот круг, но ние…

October 25, 2025
ПОЛИТИКА

ВЛЕН: Коалицијата НАИ е во фаза на неизбежно распаѓање

Коалицијата НАИ, изградена без кауза, без визија и без јасна политичка ориентација, влегува во фаза на неизбежно распаѓање. Она што…

November 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?