Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриевски: Правдата излезе на виделина, го штитев јавниот интерес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Димитриевски: Правдата излезе на виделина, го штитев јавниот интерес
МАКЕДОНИЈА

Димитриевски: Правдата излезе на виделина, го штитев јавниот интерес

Објавено July 3, 2025 15:17
Сподели
Сподели

Правдата излезе на виделина, во судската постапка беа презентирани факти и аргументи, присуствував на рочиштата, го бранев интересите, правдата победи, кажа кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, откако обвинителството го повлече обвинението против него.

Конечно правдата излезе на виделина. Пред претседателските избори во 2024 година реков дека тоа е политички монтиран процес од страна на урбано-политичко бизнис спрега позната во општината. Бранев јавен интерес и тогаш и сега ги застапувам интересите на граѓаните. Како човек кој верува во институции и малкуте професионалци кои ги има во нив а во овој случај и во узурпираниот обвинителско правосуден систем, поминав низ долго патешествие и присуствував на секое рочиште пред судот. Во таа судска постапка беа презентирани многу факти и аргументи во форма на докази од мојот адвокатски тим кои ги побија обвинувањата и потврдија дека сум работел по закон во заштита на јавниот интерес. Правдата победи! Трошоците на постапката ќе бидат надоместени според закон, а јас во иднина ќе информирам за моите понатамошни правни дејствија – соопшти Димитриевски.

Основниот суд Куманово донесе пресуда со која обвинението против кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски се одбива, бидејќи јавниот обвинител се откажал од обвинението, соопшти кумановскиот суд. Димитриевски беше обвинет, лани во април за „злоупотреба на службената положба“, затоа што советот донесе суспензија на детален урбанистички план. Во рочиштата кои беа одржани изминатиов период, сопственици на градежни компании се жалеа дека имаат штета донесена од суспензијата. Градоначалникот кажа дека ги штити интересите на кумановци, бидејќи изградбата на комплексот згради во централното градско подрачје помеѓу гимназијата и школската амбуланта ќе го наруши хуманото живеење

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јавноста ќе слушне како се издавале лиценци за одгледување канабис, очигледно е дека дел завршува на нелегалниот пазар
Следна Статија СДСМ: Мицкоски го избриша македонскиот јазик од Европскиот парламент и треба да сноси одговорност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дефектот на владиниот авион се случил на 3 декември, од Владата сметаат дека треба да се купи нов

Владиниот авион со кој претседателката Гордана Сиљановска-Давкова требаше да лета за Париз на отварањето на реновираната катедрала Нотр Дам, се…

December 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Владата повторно излезе во пресрет: Бесплатен автобуски превоз за студентите со пренамена на средства

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека разговарале со министерката за образование Весна Јаневска и најави можност за реалоцирање средства со…

December 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Животот нема цена: На матурска вечер без автомобил!

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во рамки на кампањите за зголемување на безбедноста во сообраќајот, започна…

April 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Васко Саздовски, Македонецот кој загина во несреќата кај железничката станица, работел како професор на Институтот за роботика во Нови Сад

„Македонија синоќа изгуби. Една прекрасна жена и двајца алтани останаа можеби без еден од најпрекрасните сопрузи и татковци. Изгубија планините,…

November 2, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?