Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Државната помош не смее да биде товар врз јавните финансии, туку инвестиција во конкурентноста и одржливиот раст
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Државната помош не смее да биде товар врз јавните финансии, туку инвестиција во конкурентноста и одржливиот раст
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Државната помош не смее да биде товар врз јавните финансии, туку инвестиција во конкурентноста и одржливиот раст

Објавено February 17, 2026 18:42
Сподели
Сподели

Секој денар од буџетот мора да има економска оправданост и развојна цел. Нашата фискална политика се темели на фискална консолидација и забрзан економски раст. Овие цели не се спротивставени, туку се меѓусебно поврзани – рече денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

 

Во обраќањето на панел-дискусијата „Зајакнување на управувањето со државната помош во Западен Балкан: транспарентност, ефективност и усогласување со ЕУ“, Димитриеска-Кочоска напомена дека фискалната дисциплина значи намалување на непродуктивните трошоци и насочување на средствата таму каде што ќе создадат најголема додадена вредност. Во таа рамка, додаде, државната помош е инструмент, кој мора да биде внимателно дизајниран, таргетиран и континуирано оценуван.

 

– Државната помош не смее да биде товар врз јавните финансии, туку инвестиција во конкурентноста и одржливиот раст. Таа опфаќа разни области и значаен обем на средства. Според податоците на Комисијата за заштита на конкуренцијата, во 2023 година државната помош изнесувала 206 милиони евра или речиси 1,5 процент од БДП, а во 2024 година достигнала 235,2 милиони евра или 1,52 процент од БДП. Овие износи ја нагласуваат важноста на овој инструмент, но уште повеќе ја потенцираат потребата од високо ниво на транспарентност и отчетност. Економските показатели покажуваат дека поддршката за инвестиции има позитивни ефекти врз економската активност – потенцира министерката.

 

Според неа, пет квартали по ред бележиме стапки на раст од речиси и над три проценти, при што во третиот квартал од 2025 година растот достигна 3,8 проценти. Бруто-инвестициите во истиот период пораснаа, како што истакна, за 30,6 проценти, пред сè како резултат на зголемената активност на приватниот сектор.

 

– Владата, покрај мерките за државна помош, обезбеди 250 милиони евра поволни средства за поддршка на инвестициски проекти на компаниите, како и дополнителни 250 милиони евра за капитални проекти во општините, со што се поттикнува економската активност и се обезбедува порамномерен регионален развој.

Панелот, чија цел е да се укаже на значењето на државната помош, го организира Институтот за економски истражувања и политики Finance Think, а присуствуваат претставници на академската и бизнис-заедницата, претставници на институциите од земјите на Западен Балкан, претседатели и членови на комисии за заштита на конкуренцијата, како и претставници на меѓународни партнери

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДУИ поднесе кривична пријава против министерот Игор Филков
Следна Статија Вардар добро тргна против Бенфика, но застана

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Добро утро на сите, освен на пратениците, порачаа работниците од пред Собрание

„Добро утро на сите, освен на пратениците“. Со оваа порака до народните избраници, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија…

February 10, 2026
ЕКОНОМИЈА

Екипите на ДПИ на терен, се вршат контроли на цените на производите

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) е на терен и врши контроли со цел да утврди како се движеле цените на основните…

December 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска Кочоска: Од 1-ви јули намалување на царинските стапки за 50% на разликата помеѓу нашите царински стапки и тие во ЕУ

Владата на последната седница усвои предлог закон за измени и дополнувања на законот за царинска тарифа со што се врши…

June 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

ФАО: Светските цени на храната се намалуваат петти месец по ред

Светските цени на храната во јануари се намалија петти месец по ред, а глобалните резерви на житни култури се приближија…

February 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?