Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра

Објавено June 12, 2025 19:45
Сподели
Сподели

За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра, а само во период од последните 4 години од нивното владеење 3,3 милијарди евра што покажуваат податоците за движење на јавниот долг по години од 2017 наваму, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во одговор на пратеничко прашање на собраниска седница.

Димитриеска Кочоска истакна дека во континуитет претходната Влада се повикува дека 2 милијарди биле искористени за антикризни мерки, иако Државниот завод за ревизија објави дека само 400 милиони евра се потрошени за антикризни мерки.

– Кога станува збор за јавен долг имате најмалку право да збоурвате кој го зголемил долгот за 3,3 милијарди и тоа е факт којшто ќе ѕвони уште 30 години, рече министерката, во одговор на прашање од пратеникот од СДСМ Фатмир Битиќи и поранешен вицепремиер за економски прашање за реалната состојба со јавниот долг и тековните задолжувања на државата.

На прашање од Битиќи за повратот на ДДВ, министерката за финансии посочи дека од 1 јануари до 31 мај износот на повратот на ДДВ е поголем во однос на износот на поврат што го вратила претходната Влада во претходниот период.

– Покрај тоа што сме вратиле поголем износ на поврат а ДДВ успеавме и да спречиме многу сериозен криминал што го аминуваше некој во претходната Влада. Знаете за акцијата што ја спроведе пред неколку дена Јавното обвинителство каде последиците од Буџетот се стотици милиони евра, а има уште неколку такви постапки во тек, рече министерката Димитриеска Кочоска.

Исто така, наведе дека има поголема реализација и кај капиталните расходи во однос на првите пет месеци од претходната Влада. Заклучно со мај годинава се реализирани 14,319 милијарди денари капитални расходи, наспроти 12,281 милијарди денари кои се реализирани од претходната Влада, посочи министерката за финансии.

Битиќи, повикувајќи се на информации од стопанството, рече дека повратот на ДДВ доцнел од шест до девет месеци, како и дека недостасувала транспарентност и имало информации дека за поврат се одлучувало во штабови на партии од власта. Битиќи истакна и дека била слаба и реализацијата на поддршката во стопанството преку унгарскиот кредит.

Тој праша кога Министерството за финансии ќе обезбеди поврат на ДДВ и на останати доспеани побарувања кон сите компании, како што рече, без политички приоритети и колку должи државата по основ на доспеани, но неисплатени обврски кон стопанството.

Според Битиќи, на расходната страна на буџетот, заклучно со април 2025 година, за камати на домашен долг се исплатени 55,2 милиони евра, што претставува 40,52 проценти од планираната сума за целата година, 148,3 милиони евра. – Ако со оваа динамика се продолжи, односно околу 10 проценти месечно се трошат од вкупно планираните средства за камати за домашниот долг, тогаш до крајот на годината ќе треба да се исплатат околу 180,3 милиони евра по овој основ, односно ќе треба да обезбедите дополнителни 32 милиони евра. За тоа како се движи домашното задолжување, зборуваат бројките – од почетокот на 2025 година до 20 мај, државата реализирала 12 аукции на државни обврзници со вкупна вредност од 17.052.460.000 денари (приближно 277,2 милиони евра). Исто така, за камати на надворешен долг се исплатени 5.325.000.000 денари, што е 45,43 проценти од планираното годишно ниво (11.721.000.000 денари – 190,5 милиони евра). Овде динамиката на месечно ниво е околу 11,36% од вкупно планираните средства, што значи дека ако се продолжи по овој пат, до крајот на годината ќе недостигаат околу 70 милиони евра(вкупно, треба да се наплатат 260 милиони евра). Овие податоци укажуваат на многу поагресивна динамика на задолжување отколку што беше планирано и најавувано од страна на Владата при проектирањето на буџетот за 2025 година, рече Битиќи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Битиќи до Кочоска: Колкав е реално јавниот долг на државата
Следна Статија Големо отворање на „Македонско село“ на 19 јуни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

„Магна“ со нова фабрика во Штип

Премиерот Христијан Мицкоски најави нова странска инвестиција во Штип. Како што изјави денеска, оваа недела ќе почне со работа производниот…

March 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Се намалуваат царинските стапки на 67 стоки и се либерализира трговијата со САД

Собранието на Република Македонија денеска ги усвои измените на Законот за Царинската тарифа, со што се врши намалување на царинските…

June 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Хакери упаднаа во системот на Министерството за економијa

Хакери упаднаа во системот на Министерството за економија и труд. Вработените останаа без пристап до интернет и без пристап до…

October 4, 2024
ЕКОНОМИЈА

Влада: Инвестициски бум, 6 нови странски инвестиции за 6 месеци и 2000 нови работни места

Шест месеци нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ значи шест нови странски инвестиции и над 2000 нови вработувања. Првата инвестиција на…

December 11, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?