Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дипломатскиот пасош не ѝ носи имунитет на првата антикорупционерка, која е под истрага за корупција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Дипломатскиот пасош не ѝ носи имунитет на првата антикорупционерка, која е под истрага за корупција
МАКЕДОНИЈА

Дипломатскиот пасош не ѝ носи имунитет на првата антикорупционерка, која е под истрага за корупција

Објавено April 26, 2025 09:26
Сподели
Сподели

Актуелната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, која е осомничена за оддавање службена тајна во случајот “Адитив“ не смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на Антикорупциска, а воедно не може да гласа и да распределува предмети.

Димитровска, завчера беше изведена пред Судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје, кој одлучувајќи по предлогот на Обвинителство, и определи мерки за претпазливост и забрана за преземање на одредени работни активности.

Димитровска лани доби дипломатски пасош од Министерството за надворешни работи за да може да патува без чекање во ред за пасошка контрола со останатите граѓани при напуштање и при влез во Македонија. Останатите 6 члена исто така побараа, но не добија таква привилегија. Првиот човек на МНР, Тимчо Муцунски, кој беше гостин во „Тема на денот“ на „Сител“, рече дека тоа што Димитровска има дипломатски пасош, не значи дека има посебен имунитет. Според него, логично е таа од етички и морални причини да си даде оставка.

Самиот дипломатски пасош на наш граѓанин не значи дека тој ужива било какви права поврзани со некоја форма на имунитет. Што значи дека истиот не може да влијае на самата постапка која се спроведува од нашите органи и во моментот кога ќе престане функцијата на таа поединечна личност, секако МНР ќе го одземе тој дипломатски пасош. Логично е кога сте опфатени со ваков тип на постапка, почитувајќи ја и презумпцијата на невиност, ова го велам пред се како човек, не како министер, логично е дадете оставка. Тоа не треба, според мене, да влијае на кредибилитетот на сите останати членови на таа комисија, рече Муцунски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тесла опишал што би можело да ни се случи до 2035 година
Следна Статија Анкета на МКД.мк: Убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Каков ќе биде денот, таква ќе биде и целата година – Денеска е Свети Игнатиј

Денеска, на 2 јануари, се празнува „Свети Игнат“, ден кој во народното верување има посебно значење. Се смета дека од…

January 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Најтопло денеска во Скопје, Велес, Кавадарци и Демир Капија, за утре температура до 42 степен

Највисока температура од 41 степен денеска се иземерени во Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци и Демир Капија, додека 40 степени се измерени…

July 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Почнува реконструкцијата на Клиниката за гинекологија и акушерство

Директорката ги кажа сите детали. Јас немам што да додадам на сето тоа. Ми останува само да ја честитам успешната…

May 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Апелација пресуди дека Анѓушев бил наклеветен – одбиена жалбата на ИРЛ

Апелациониот суд Скопје денеска ја одби како неоснована жалбата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и на уредничката Сашка Цветковска и…

February 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?