Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Директорот на Царина се пофали: Годинава наплатени 13,6 милиони евра повеќе од лани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Директорот на Царина се пофали: Годинава наплатени 13,6 милиони евра повеќе од лани
ЕКОНОМИЈА

Директорот на Царина се пофали: Годинава наплатени 13,6 милиони евра повеќе од лани

Објавено April 14, 2025 16:53
Сподели
Сподели

Наплатата на приходи остварени од Царинската управа во првото тримесечје годинава се поголеми за 13,6 милиони евра во однос на истиот период минатата година. До ОЈО и ОЈО ГОКК само од ноември до сега се поднесени 102 кривични пријави, или за повеќе од цел тригодишен период од 2020 до 2023 година кога биле поднесени вкупно 85 кривични пријави. Во првото тримесечје се остварени 143 случаи на заплени или за 77 проценти повеќе во однос на минатата година. Притоа, мобилните царински тимови во овој период оствариле повеќе од 100 заплени што е еднакво на годишен просек на заплени споредбено од 2017 до 2023 година. Ова беа само дел од резултатите на Царинската управа кои ги презентираше денеска директорот на Царинска управа, Бобан Николовски по повод одбележување на 14 Април, Ден на Царинската управа. На настанот свое обраќање имаше и министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, а во присуство на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, директорите на БЈБ, АНБ, како и директорите на органите во состав на Министерството за финансии, бизнис заедницата, како и царинските службеници.

„Царината и царинскиот систем се од есенцијално значење за развојот и заштитата на економијата на една држава. Само со современa царинa и царински систем, постои можност за остварување економски просперитет на државата како и нејзино интегрирање во современите меѓународни економски текови. Современата и модерна царина исто така има улога на заштита на домашната економија, со што се создаваат услови и за економски развој на државата. Царинската управа е една од клучните институции за системот на јавните финансии. Таа е одговорна за наплата на голем дел од буџетските приходи, така што не случајно истата е и чувар на финансиските интереси на државата.“, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Директорот Николовски истакна дека тенденцијата на пораст на наплатата на приходи продолжи и годинава при што во првото тримесечје е остварена наплата од речиси 480 милиони евра или 13,6 милиони евра повеќе од истиот период минатата година. Притоа приходите од Царина се повисоки за 15,6 проценти, од акциза за 5,7 проценти, а од данок на моторни возила за 16,2 проценти. По основ на извршени проверки и контроли од Секторот за контрола и истраги наплатени се 20 милиони денари, а донесени се и решенија за дополнителна наплата на износ од 5,7 милиони денари. Овие средства значат повеќе инвестиции за капитални проекти, за училишта, градинки, болници, патишта, повисоки плати и пензии, за поконкурентна економија. Ваквите резултати се должат на зголемени контроли и зголемена тимска работа и делување на ниво на институција, а не на поединци, рече директорот Николовски.

Во првото тримесечје од годинава се остварени 143 случаи на заплени, или за 77 проценти повеќе во однос на минатата година кога бил остварен 81 случај на заплени.

„Преку спроведување на сериозни и темелни истраги влеговме во траг и откривме сериозни криминални мрежи. До Основно јавно обвинителство и до Основно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција во 2024 година се поднесени вкупно 89 кривични пријави, против 46 правни лица и 122 физички лица. Овде особено сакам да ги истакнам резултатите во последните пет месеци, заклучно до седми април, период во кој нашиот тим од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднесе 102 кривични пријави до Основното јавно обвинителство и до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против 58 правни и 184 физички лица. За споредба во тригодишен период од 2020 до 2023 година биле поднесени 85 кривични пријави за цели три години. Анализирано на месечно ниво од 2016 година наваму во овие пет месеци имаме историски најмногу поднесени кривични пријави на месечно ниво“, истакна Николовски.

Притоа, како што рече, Царинската управа, преку Секторот за контрола и истраги, застана на патот и спречи разработена шема на организиран криминал со употребувани возила при што досега се поднесени 12 кривични пријави против 6 правни и 30 физички лица, при што дел од лицата се теретат за повеќекратно извршување на исти или слични дела.

Како доказ за посветеноста се и случаите во кои беа запленети 188,6 килограми марихуана, уникатен златен накит со тежина од 1,7 килограми и вредност пола милион евра, околу 600 килограми анаболични стероиди, 6,4 килограми сребро.

„Особено би сакал да го истакнам и работењето на мобилните царински тимови кои покажуваат извонредни резултати. Во 2024 година мобилните царински тимови во рамки на Одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги остварија 193 заплени, од кои 136 се остварени во втората половина од годината. Уште повеќе, во 2025 година, остварија повеќе од 100 заплени што е на ниво на годишни остварени резултати споредбено во периодот од 2017 до 2023 година кога имало евидентирани заплени кои се движеле од 52 до најмногу 110 за цела година“, рече директорот.

Воедно истакна дека во моментов се реализираат инвестиции во вредност од 24,4 милиони евра кои се обезбедени од Светска банка, Република Кореја, од ЕУ како грант средства, како и од националниот Буџет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: За трагедијата во Кочани се постапува по над 50 осомничени
Следна Статија Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во добра кондиција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за 400 kV интерконекција помеѓу Македонија и Албанија

АД МЕПСО информира дека е раскинат договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево, Босна и Херцеговина, изведувач на изградбата на 400 kV…

December 23, 2024
ЕКОНОМИЈА

Јаболка годинава ќе јадеме од увоз – студениот бран ги покоси насадите во Преспа

Преспанскоиот регион не памети вакво оштетување од толку големи размери. Снегот и студениот бран кој ја зафати Преспа целосно го…

April 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Доделени околу 80% од ваучерите за купување инвертер клими

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека успешно е реализиран процесот на доделување на ваучери за…

November 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

Димитров: Во текстилниот сектор работат 25.000 работници, се очекува намалување на нивниот број за уште 5.000

 Македонските текстилни конфекции се соочуваат со недостиг на порачки од страна на традиционалните германски партнери. Ангел Димитрова од Организација на…

June 6, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?