Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДИСКРИМИНАЦИЈА: Работничка добила отказ еден ден откако ги известила газдите дека е бремена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ДИСКРИМИНАЦИЈА: Работничка добила отказ еден ден откако ги известила газдите дека е бремена
ЕКОНОМИЈА

ДИСКРИМИНАЦИЈА: Работничка добила отказ еден ден откако ги известила газдите дека е бремена

Објавено July 21, 2025 18:50
Сподели
Сподели

Бремените жени и натаму се казнуваат со бркање од работа штом работодавачите ја дознаат информацијата за мајчинството. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди директна интерсекциска дискриминација врз основа на пол, род и мајчинство во областа на работата и работните односи, и тоа врз вработена во приватна фирма, која на 17 јуни 2024 година кажала дека е бремена, а веќе следниот ден добила отказ, објави Сакам да кажам.

Младата жена била вработена со договор на определено време, првично со договор на три месеци. Во април лани таа потпишала анекс на договорот, согласно кој времетраењето на договорот ѝ било продолжено за уште три месеци, до 15 јули 2024 година. Истовремено, платата ѝ била зголемена од 22.000 на 23.000 денари.

Но, подносителката на претставката, не го дочекала следното продолжување на работниот однос, во јули. На 17 јуни ја известила колешката од човечки ресурси дека е бремена, а веќе следниот ден била повикана и известена дека времетраењето на нејзиниот договор за вработување на определено време, нема да биде продолжен.

Бремената жена почувствувала силен стрес, неизвесност, мачнина, несоници, предизвикани од страв за иднината и за егзистенцијата нејзина и на нероденото бебе. До КСЗД приложила и медицинска документација. Вознемирена и постојано расплакана од тоа што ѝ го направиле во фирмата, таа завршила на психијатар, каде ѝ била препишана соодветна терапија.

Бременоста и мајчинството се заштитени како со нашите закони, така и со меѓународната регулатива која Македонија ја има ратификувано. Во овој случај особено е прекршен членот 101 од Законот за работни односи кој забранува отказ поради бременост, раѓање и родителство, за време на сместување на дете кај посвоител, итн.

Според Законот за спречување и заштита од дискриминација, оваа утврдена интерсекциска дискриминација во случајов со отказот на жената бидејќи забременила, се смета за најтежок вид дискриминација

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ангелов: Полицискиот хеликоптер дејствува врз пожарот во прилепско, таму се упатува и еден армиски хеликоптер
Следна Статија Први симптоми на дијабетес, не ги игнорирајте

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Нема криза, ликвидноста е обезбедена, очекуваме не само да ги постигнеме приходите, туку и ќе ги надминеме

Владата за четиригодишен мандат треба да врати шест милјарди евра, долгови кои ги земала владата на СДСМ и ДУИ. Само…

December 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Поддршка за забрзана енергетска транзиција и нови проекти во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници на Светска банка, на која…

July 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Се доближуваат ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем со банкарската асоцијација

Премиерот Христијан Мицкоски денеска по средбата со Македонската банкарска асоцијација на која се прецизраа условите под кои бизнис секторот ќе…

November 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Исплатена првата транша во вредност од 10,4 милиони евра од унгарскиот кредит

Развојната банка ја исплати првата транша во износ од 10,4 милиони евра, кон комерцијалните банки за проекти на 47 компании,…

March 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?