Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДКСК со потпис на Димитровска отфрлила две пријави поврзани со „Адитив“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ДКСК со потпис на Димитровска отфрлила две пријави поврзани со „Адитив“
МАКЕДОНИЈА

ДКСК со потпис на Димитровска отфрлила две пријави поврзани со „Адитив“

Објавено April 26, 2025 10:15
Сподели
Сподели

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), со потпис на претседателката Татјана Димитровска, која е осомничена за оддавање службена тајна, отфрлила две пријави поврзани со работата на АД ЕСМ.

Според сомневањата, Димитровска во повеќе наврати од мај до декември минатата година споделувала информации со еден од обвинетите во случајот „Адитив“.

Отфрлените пријави се однесуваат токму на овој предмет, во кој меѓу обвинетите се поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, неговиот наследник Васко Стефанов, екс-директорите на РЕК Битола и ТЕЦ Неготино – Пеце Матевски и Небојша Стојановиќ, како и поранешните комерцијални директори Адријан Муча и Данчо Стојановски, пишува Телма.

Првата пријава е одбиена во јуни во 2024 година, во периодот кога Димитровска, како што се товари, одавала информации. Пријавата се однесувала за набавката на адитиви за намалување на формирање на згура-троска во котли при согорување на јаглен.

Како што се наведува во документот, пријавата била против поранешен член на Управниот одбор на АД ЕСМ, Данчо Стојановски кој е близок со Маја Јорданова, сопственичката на фирмата „Браинкоде“, која всушност му е роднина. Сега и двајцата се обвинети во „Адитив“.

Антикорупциска отфрлањето го базира на фактот дека тендерот бил во 2023 година, а Стојановски бил член на управниот одбор во периодот од 2012 до 2022 година. Поради настанатата промена на фактичката состојба, дека Стојановски не ја извршувал повеќе функцијата, ДКСК одлучила дека нема елементи за постапување по наводите во пријавата.

До ДКСК по 11 дена од првата пријава, стигнала и втора во која се посочувала сторијата на Истражувачката репортерска лабораторија за истиот тендер за адитиви и за фирмата „Браинкоде“ и нејзината сопственичка Маја Јорданова, кој всушност била службеничка во пошта кога го добила бизнисот од ЕСМ.

Постапката по предметот по втората пријава запрела во декември, лани, бидејќи ДКСК утврдила дека нема елементи за натамошно постапување, бидејќи обвинителството веќе имало отворено случај.

„За предметниот случај во тек се постапки пред надлежни органи: Основното јавно обвинителство Битола и Основното јавно обвинителство Кичево кои оформиле предмети во врска со предметните наводи, а постапувањето по истите е во тек“, се вели во одлуката на ДКСК од 12 декември во 2024 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бил закана за Бугарија зашто сакал да се поклони на споменикот на Јане Сандански
Следна Статија Фаризи: Таравари како “Леси ќе се врати дома” по локалните

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Антикорупциска потврди дека премиерот Мицкоски не го носел синот во САД со државни пари

Државната комисија за спречување на корупцијата констатираше дека нема основа за постапка за службените патувања на премиерот Мицкоски во Њујорк…

October 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Директорот на “Комунална хигиена“ Рустеми поднел оставка за време на распитот во Кривичен суд

Комунална Хигиена останува без директор откако довчерашниот Сабахудин Рустеми од притвор си поднесе оставка, нешто за што информира адвокатот Асмир…

October 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонска делегација на чело со претседателката во Рим на чествување на Денот на сесловенските просветители

Претседателката Гордана Силјановска – Давкова, која ја предводи македонската државно-црковна делегација во Рим и Ватикан, по повод одбележувањето на Денот…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре и задутре општина Битола обезбеди бесплатен превоз до ски центрите на Баба

Општина Битола обезбеди бесплатен превоз до ски центрите на планината Баба, што ќе се реализира утре и во петок. Од…

January 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?