Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Договорот за стратешко партнерство со Британија ќе биде потпишан во четврток во Лондон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Договорот за стратешко партнерство со Британија ќе биде потпишан во четврток во Лондон
ЕКОНОМИЈА

Договорот за стратешко партнерство со Британија ќе биде потпишан во четврток во Лондон

Објавено May 20, 2025 17:00
Сподели
Сподели

Условите за враќање и каматните стапки за средствата од договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство ќе бидат подобри од кое било досегашно позајмување. Финансирањето ќе биде врзано со проектот. Кај некои проекти рочноста ќе е пократка, кај некои ќе е подолга, ќе зависи од кондицијата на македонската економија и буџет, но исто така и од реализацијата на проектите, информира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, откако денеска на седница на Владата доби овластување да го потпише договорот задутре во Лондон.

Од вкупно најавените шест милијарди евра, финансиската рамка за првично планираните проекти во железничката инфраструктура и за објекти во здравството и образованието е 2,1 до 2,2 миијарди евра, а според Николоски, македонската страна инсистира средствата да се враќаат откако ќе бидат завршени проектите.

Средствата се на располагање на неограничено време, првичната должина на договорот Влада со Влада е 10 години со можност да се продолжи. Десет години да почне проект, не да заврши, но доколку двете страни се согласни, не гледам причина зошто не би биле во добри односи со Обединетото Кралство, тоа да се продолжи. Според ориентационите цени изградбата на пругата од Табановце до Гевгелија би требало да чини околу милијарда и 900 милиони евра до две милијарди евра додека изградбата на Клиничката болница, Медицинскиот факултет и Студентскиот дом во Штип, целосната реконструкција на Клиниќката болница во Тетово и изградбата на нова болница со нов здравствен дом во Кичево, би чинело околу 200 милиони евра. Зборуваме за рамка од 2,1 до 2,2 милијарда евра што стартно би се потрошиле. Нашето инсистирање е да почнеме да ги враќаме откако ќе бидат завршени проектите, односно народски кажано грејс периодот да го врземе со периодот на завршување на проекти. Доколку ни требаат пет години да го завршиме проектот и грејс периодот да биде пет години, и кога ќе се стави во функција тогаш да почнеме да ги враќаме ратите, појасни Николоски на прес-конференција, откако Владата го усвои текстот на договорот.

Во однос на камаптите стапки рече „иницијално можно е да се движиме и под стапката на инфлација“, но деталите ќе бидат кажани за месец до месец и половина.

Според Николоски, клучна е рочноста за враќање.

– Граѓаните сакаат, аи ние, побргу да се завршуваат проектите. Едно е да го ставите изведувачот во комотна позиција кога сака да го заврши проекетот а како држава да плаќате, а друго е да му се каже за колку мора да го заврши, а кредитот да почне да се враќа откако ќе заврши. Тогаш покрај од нас, ќе има притисок и од тој што го финансира проектот затоа што кај него се средствата. Убеден сум дека проектите ќе завршуваат навреме или предвреме заради оваа компонента, истакна Николоски.

На новинарско прашање тој истакна дека целиот процес се води максимално транспарентно, како што рече, за разлика од претходни проекти во државата, ништо не креме и не прогласуваме за државна тајна.

Одиме условно кажано школски, односно по книга. За да реализирате проект прво мора да обезбедите финансирање, а за да обезбедите финансирање мора да обезбедите правна рамка. Поучени од грешките во минатото решивме да одиме школски и да не водат поискусни од нас. Во таа насока овој чекор што го направивме денеска на Влада ќе резултира со потпишување на договорот, а потоа ќе биде ратификуван во Собранието, е обезбедување на правната рамка, а врз основа неа потоа ќе зборуваме за финасирање и откако ќе го завршиме ќе зборуваме за изведба, посочи Николоски.

Укажа дека во минатото се правеле грешки, за кои како примери кои ги наведе проектите за автопатот Кичево-Охрид и автопатите на коридорит 8 и 10д.

Автопатот Кичево-Охрид каде има кредит кој не е врзан со завршување на проектот и државата враќа пари за проект што не е завршен, што нема никаква смисла. Идејата на проектното финансирање е да почнете да враќате од оној момент кога проектот ќе почне да ви носи економски или друг бенефит. Вториот пример е со изградбата на коридорите 8 и 10д, каде што не е обезбедено финансирање. Теоретски, ако следната година буџетот во Македонија нема пари нема да се работи ништо, но секако тоа нема да се случи, наведе Николоски.

За договорот со ОК, од четирите потребни чекори, како што нагласи, првиот е завршен – имаме проекти, сега одиме на вториот чекор во четрток да го потпишеме договорот, а потоа во Собрание што е можно најбргу да го ратификуваме, а потоа врз основа на тоа одиме на финансирање.

Не е тајна дека веќе имаме иницијални разговори, но за да можеме правно да ги финишираме мора првин да го имаме договорот влада со влада. Врз основа на она што го имаме разговарано досега нема да се работи за фиксно финансирање, туку финансирањето ќе е врзано со проектот. Кај некои проекти рочноста ќе е пократка, кај некои ќе е подолга, тоа ќе зависи од кондицијата на македонската економија и буџет, но исто така и од реализацијата на проектите. Се водевме од интересите на државата и во таа насока сигурни се две работи, дека волку средства колку што обезбедуваме во моментов ниту една меѓународна финансиска институција не е во можност воопшти да ги понуди на Македонија, а условите за враќање и каматните стапки ќе бидат подобри од било што што Македонија позајмила претходно, посочи вицепремиерот Николоски.

Наспроти позајмувањето од Унгарија кое беше за ликвидност и за проекти, подвелече дека сега ќе биде само за проекти. – Секогаш проектното финансирање е поевтино од финансирањето за ликвидност, истакна вицепремиерот Николоски.

На церемонијата во Лондон задутре покрај Николоски ќе присуствуваат и вицепремиерот Изет Меџити, министерката за образование Весна Јаневска и директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски.

Владината делегација во Лондон ќе има средби и со министерите за внатрешни работи и за одбрана на Обединетото Кралство, како и со раководството на „Рајан ер“ од која, како што рече Николоски, се очекува да произлезат и нови летови кон Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поддршката на успешни домашни бизниси е клучна за развојот на стопанството и отворањето на нови работни места
Следна Статија Николовски до Трипуновски: Ќе останат ли земјоделците без зелена нафта, а учениците без мерката „здрав оброк“?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ребаланс на Буџетот кон крајот на јуни

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека, поради локалните избори, ребаланс на Буџетот ќе има најверојатно на крајот на јуни. Одговорајќи…

May 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Дијаспората сѐ поголема, парите што ги праќа во Македонија сѐ помали

Иако во последниве десетина години се повеќе луѓе се иселуваат од Македонија и македонската дијаспора е сѐ поголема, парите што…

June 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Почна изградбата на гасоводен интерконектор со Грција

Започна реализацијата на гасниот интерконектор со Грција, во должина од 66,7 километри, кој се протега од Гевгелија до Неготино. Овој…

July 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

„Оваа година 2024 година беше година на стабилизација, односно слободното паѓање кое што ни се случуваше престана и полека почнавме…

December 26, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?