Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Перински: Општините подготвени за нов инвестициски бран – 15 милијарди денари за локални проекти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Перински: Општините подготвени за нов инвестициски бран – 15 милијарди денари за локални проекти
ЕКОНОМИЈА

Перински: Општините подготвени за нов инвестициски бран – 15 милијарди денари за локални проекти

Објавено February 27, 2025 13:27
Сподели
Сподели

Општините покажаа подготвеност за вториот јавен повик за финансирање на инфраструктурни проекти – очекуваме трипати повеќе апликации и значително економско раздвижување на сите нивоа, затоа што 15 милијарди денари се на располагање за локални проекти“ изјави министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во своето гостување во емисијата „Програма на градови“ на Македонската телевизија.

Министерот истакна дека во овој повик се задржани истите услови како и во првиот, но со дополнителен временски период за поднесување на проектите.

Градоначалниците имаат поголем комодитет за да подготват поиздржани проектни документации, што ќе им овозможи поефикасна имплементација, нагласи Перински.

Заклучно со вчерашниот ден, од 34 општини се пристигнати 197 проектни апликации, што, според министерот, е показател за високата подготвеност на локалните власти.

Очекувам оваа бројка значително да се зголеми, а со тоа и да придонесеме за подобрување на животните услови на сите граѓани и економски развој на државата, додаде тој.

Дополнително, Перински нагласи дека Владата при проектирањето на овие мерки размислувала и за поддршка на стопанството, особено на малите компании.

Обезбедивме 250 милиони евра со повластена каматна стапка, за да им помогнеме на компаниите да се доекипираат, доопремат, да бидат конкурентни и да се вклучат во реализацијата на овие проекти, потенцира тој.

Министерот Перински информираше дека во рамки на првиот јавен повик, во вредност од 4,5 милијарди денари, склучени се договори за 288 проекти, а за нивната координација е формирано Координативно тело во кое членуваат сите ресорни министерства. Целта на оваа тело е да го координира процесот одблизу и ако се појават одредени пречки во реализацијата, истите да се надминат.

Од овие проекти, за околу 252 проекти веќе се склучени договори за избор на изведувачи, на повеќе од 50-тина се работи, се воведени во реализација. Остануваат уште 30-тина проекти кои се во фаза на објавување на постапка за избор на изведувач. Динамиката на изведба е задоволителна, а капацитетот на општините за реализација на проектите е на високо ниво, заклучи Перински.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трајановски повеќе не е заменик на Арсовска: „Со Град Скопје и јавните претпријатија владее екипа од Сарај и ДУИ“
Следна Статија АХВ нареди уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато месо

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Во вториот квартал впишани 2 876 хипотеки врз недвижности

Во периодот април - јуни годинава се запишани 2 876 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 551.537.664 евра и…

November 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Велковски: Со Оперативниот план сакаме да ги задржиме младите во Македонија, овде да ја градат својата иднина

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, на денешната трибина којшто се одржа во Владата во врска со…

May 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Над 600 прехрамбени производи ќе се најдат на новогодишната кошничка

Во новогодишната кошничка списокот ќе биде надополнет со нови, сезонски производи при што граѓаните треба да очекуваат . Овој пат…

November 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Македонија прва на Балканот и втора во Европа по договори на определено време, објави Евростат

Европската статистичка агенција (Евростат) објави податоци за бројот на договори на определено време што ги нудат земјите од Европската Унија,…

February 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?