Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека американскиот милијардер Џорџ Сорос и неговите организации стојат зад Шарените револуции што се спроведуваат денес во Србија и во некои други земји.
„Значи, тие ги користеа легалните средства на американските даночни обврзници за да се справат со државите и властите низ целиот свет, бидејќи тие не им одговараа“, предупреди Додик.
Додик изјави во подкаст на американската новинарка Лара Логан дека „Сорос е негативец кој треба да биде забранет“ и дека „неговите организации се еднакви на фашистите“.