Дончиќ и Леброн ги решија Клиперс (ВИДЕО)

- Advertisement -

Лука Дончиќ го прослави 26. роденден со 31 поен и нова победа за Лос Анџелес Лејкерс, овојпат во градското дерби со Клиперс 106-102.

Најзаслужно за победата бше дуото Лука Дончиќ и Леброн Џејмс кои искомбинираа повеќе од половина од поените на домашните.

Словенецот Дончиќ беше најефикасен на теренот со 31 поен (9/22 од поле, 10/11 од линијата за слободни), а зад своето име запиша уште пет асистенции, два скока, три украдени топки и шест загубени топки.

Леброн Џејмс, го следеше Лука со 28 постигнати поени (12/21 од поле), 13 скока, три асистенции и четири загубени топки, а никој друг кај Лејкерси немаше двоцифрен учинок.

На спротивната страна страна, во составот на ЛА Клиперс најдобар беше Ивица Зубац со 27 поени и 16 скока, Каваи Ленард додаде 21 поен, а Џејмс Харден постигна 18, заедно со девет асистенции и седум скока.

Сподели ја оваа статија