Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дубровник најбезбеден туристички град во Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Дубровник најбезбеден туристички град во Европа
ЗАБАВА

Дубровник најбезбеден туристички град во Европа

Објавено August 13, 2025 15:25
Сподели
Сподели

Иако фактори како што се активностите, времето и буџетот обично го обликуваат изборот за одмор, и безбедноста е клучен фактор при резервација на следната дестинација.

Во таа смисла, градови како Дубровник (Хрватска) и Талин (Естонија), на пр., успеале да го зачуваат своето средновековно наследство, истакнувајќи ја и безбедноста и удобноста на туристите и жителите.

Индексот на најбезбедни туристички места ги оценува европските градови врз основа на растот на стапките на криминал во последните пет години, како и моментните нивоа на криминал, за комбиниран резултат т.е. оценка за безбедност.

Најниската бројка, како најниска стапка на криминал, ја означува најбезбедната дестинација.

Следат петте најбезбедните градови во Европа.

Дубровник

Како еден од најпопуларните градови во Хрватска, Дубровник, се чини, е и најбезбеден – според „Ривиера травел“, со вкупна безбедносна оценка 44,1. Градот, наречен „Бисер на Јадранот“, е светско наследство на УНЕСКО, поради неговиот добро зачуван Стар град – со особено добро осветлени улици, но и исклучителна стара, средновековна архитектура. И безбедното ноќно истражување на ова туристичко место е можно, па дури и ако се обидете сами, бидејќи градот е многу лесен за пешачење.

Дубровник, според „Лонли планет“ (Lonely Planet), е особено гостопримлив за туристите – ги штити своите жители и создава безбедна средина за посетителите. Насилниот криминал е редок, иако ситни кривични дела како што се џебни кражби – сè уште можат да се случат, или пак, повремени туристички стапици и измами од таксисти.

Талин

Естонскиот главен град се најде на второто место на Индексот, со вкупна оценка за безбедност од 55,8 т.е. многу ниска стапка на криминал. Градот е и еден од најбезбедните главни градови во Северна Европа. И тука Стариот град е место од листата на светското наследство на УНЕСКО – како исклучително добро сочуван пример за средновековен трговски град во овој дел на Европа.

Апликациите за такси – како „Болт“, нудат услуги „Жени за жени“, коишто им овозможуваат на патничките конкретно да побараат превоз од жени-возачи.

Властите во Естонија, исто така, ја поттикнуваат безбедноста, како и полесен пристап до услуги и информации преку интернет.

Варшава

Главниот град на Полска е трет град на Индексот, со оценка 60,2. Иако градот бележи умерено зголемување на криминалот последниве пет години, сепак има ниска стапка на криминал.

Прага

Чешката престолнина, нарекувана и „Град на сто кули“, е на место бр. 4 на Индексот – со оценка 50,9. Слично на Варшава, и Прага бележи умерено зголемување на криминалот последниве пет години, иако сè уште има ниска моментна стапка на криминал.

Според „Праг вјус“, спроведувањето на Законот е проактивно и делотворно, особено во справувањето со џебните кражби, но и други кривични дела. Во одржувањето на редот, голем удел има и тоа што во градот е поставен добар систем за надзор.

Краков

Уште еден полски град на листата… Краков се наоѓа на петтото место, со оценка за безбедност од 64,3. И тука се бележи умерено зголемување на стапката на криминал последниве пет години.

Краков има пријателски став кон туристите, се вели, а и јавниот превоз е генерално безбеден, дури и ноќе.

Топ-10 листата ја дополнуваат: Амстердам (Холандија), Минхен (Германија), Рејкјавик (Исланд), Цирих (Швајцарија) и Будимпешта (Унгарија).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скандал во Полска: Пари од ЕУ завршиле во свингерски клубови и на јахти
Следна Статија Поранешната прва антикорупционерка во трка за градоначалник на Центар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Од Svedka до Anthropic, брендови прават смели потези со вештачка интелигенција во реклами за Супер Боул

Од првата реклама за Супер Боул генерирана со вештачка интелигенција на Svedka до судирот на Anthropic со OpenAI, еве ги…

February 8, 2026
ЗАБАВА

Луј Витон отвори луксузен киоск за сладолед

Луј Витон ова лето претстави нешто сосема ново – својот прв киоск со сладолед, сместен во познатото тосканско одморалиште Форте…

June 7, 2025
ЗАБАВА

Девојка му раскинала на своето момче по совет на „Чат ГПТ“: „Ми рече дека заслужувам подобро“

Во последно време, се чини дека сè повеќе луѓе бараат совет од „Чат ГПТ“ (ChatGPT) за секој аспект од нивниот…

June 17, 2025
ЗАБАВА

„Југо“ сè уште вози по американските патишта

Иако поминаа три децении од „договорот на векот“, поранешната гордост на српската автомобилска индустрија „Југото“ сè уште се „вози“ по…

May 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?