Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ: Албанците се недоволно застапени во неколку клучни институции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ: Албанците се недоволно застапени во неколку клучни институции
ПОЛИТИКА

ДУИ: Албанците се недоволно застапени во неколку клучни институции

Објавено June 7, 2025 15:56
Сподели
Сподели

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост во врска со најновите извештаи за недоволната застапеност на Албанците на одлучувачки позиции во државните институции на Македонија. Според анализа објавена во неколку медиуми, Албанците се недоволно застапени во неколку клучни институции, вклучително и Претседателството, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за спорт, Народната банка, МЕПСО и Агенцијата за администрација, соопштија денес од партијата.

Оттаму велат дека овој диспропорционален однос е особено загрижувачки по укинувањето на механизмот „Балансер“ од страна на Уставниот суд на 9 октомври 2024 година, кој претходно обезбедуваше правична застапеност на заедниците во државната администрација.

– По оваа одлука, отсуството на ново законско решение доведе до исклучување на Албанците од клучните одлучувачки позиции. ДУИ потенцира дека правичната и соодветна застапеност на сите заедници претставува темелен столб на Охридскиот договор и предуслов за еднакво и демократско општество. Апелираме до надлежните институции итно да преземат мерки за надминување на оваа нееднаквост и да обезбедат правична застапеност на Албанците на сите нивоа во јавната администрација. ДУИ останува посветена на унапредувањето на еднаквоста, правичната застапеност и целосната интеграција на Албанците во институционалниот живот на државата – велат од партијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски за ИБНА: Ова што се случува со европскиот процес е повеќе од застој, тоа е неправда
Следна Статија Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Законот за високо образование е тоталитарен, да се повлече веднаш!

Законот за високо образование е катастрофално лош и бараме да се повлече, порача денес од прес-конференција лидерот на СДСМ, Венко…

February 16, 2026
ПОЛИТИКА

ВМРО ДПМНЕ: СДС мора да расчисти со Филипче ако сака да се реформира и да биде релевантен политички субјект

Се разобличуваат скандалите од времето кога СДС беше власт, и сето тоа е показател за структурниот хаос, распаднатите институции и…

November 30, 2025
ПОЛИТИКА

Симбол на новата надеж и иднината – Лабудовиќ најави нов плоштад во срцето на Центар

Центар се подготвува да добие нов симбол што ќе ја претставува неговата енергија, култура и иднина – Плоштад Феникс, замислен…

October 30, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Апатичноста е најголем сојузник на оние кои немаат добри намери кон државата, не им помагајте со седење дома

Премиерот Христијан Мицкоски, обкави јавно обраќање до оние кои се чувствуваат разочарани. Апатичноста е најголем сојузник на оние кои немаат…

October 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?