Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дурмиши им ја нуди Попова Шапка на Саудијците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Дурмиши им ја нуди Попова Шапка на Саудијците
МАКЕДОНИЈА

Дурмиши им ја нуди Попова Шапка на Саудијците

Објавено May 22, 2025 18:39
Сподели
Сподели

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, денеска во Сараево, имал средба со Абдулазиз Алсакран, заменик-гувернер за меѓународни односи при Генералниот орган за надворешна трговија на Кралството Саудиска Арабија (GAFT), на која, меѓу другото, станало збор и за можности за саудиски инвестиции во стратешки сектори за економски развој, како што се агрокултурата, туризмот и одржливите инфраструктурни проекти.

Во една од точките се вели и дека се разговарало за развој на Ски-центарот Попова Шапка, како клучен проект за развој на планинскиот туризам и регионалниот развој. За Дурмиши, Саудиска Арабија е „стратешки партнер“, Во соопштението од средбата, топонимот Попова Шапка беше преименуван во Кodra e Diellit. Подоцна беше направена корекција.

Дурмиши, како што се вели во соопштението на Министерството за економија, учествува на Економскиот бизнис форум во Сараево.

Средбата со Алсакран била во конструктивна атмосфера и претставувала значаен чекор кон зајакнување на економските односи меѓу Република Северна Македонија и Кралството Саудиска Арабија.

Двете страни ја потврдија заедничката заложба за зголемување на трговската размена, која во моментот изнесува 44 милиони американски долари, со цел надминување на овој износ преку нови иницијативи и стратешки инвестиции, се вели во соопштението, при што се додава дека во текот на разговорот станало збор и за организирање на заеднички бизнис-форуми и меѓусебни посети на економски делегации: можности за саудиски инвестиции во стратешки сектори за економски развој, како што се агрокултурата, туризмот и одржливите инфраструктурни проекти; развој на ски-центарот Попова Шапка; поддршка за халал сертификација на домашните производи, како конкретен чекор за зголемување на извозот и диверзификација на целните пазари.

Инаку, пред околу еден месец, владина делегација на ќело со премиерот Христијан Мицкоски беше во посета на Обединетите Арапски Емирати, каде што, меѓу другото се зборуваше и за скијачкиот центар Попова Шапка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќе се намалуваат увозни царини на 70 производи
Следна Статија Новиот Закон за енергетика објавен во „Службен весник“, започнува официјалната примена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски: Одамна имаме заслужено да ги почнеме преговорите за членство

Македонија одамна има и заслужено да ги почне преговорите за членство во ЕУ, па затоа Унијата треба да изврши притисок…

December 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Агелер: Нашите срца се скршени, благодарна сум на земјите од регионот за веднаш дадената помош

Нашите срца се скршени, благодарна сум на земјите од регионот за веднаш дадената помош, изјави американската амбасадорка во земјава Анџела…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Министерството за финансии в понеделник во контрола кај Боки 13 и Стефан Лазаров

Има ли нерегуларности во приредувањето на наградните игри организирани од Бојан Јовановски познат како Боки 13 и водителот Стефан Лазаров?…

December 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

„Алкалоид“ четири години ќе ги стипендира студиите на херојот од Виница, Јован

Компанијата „Алкалоид“ му додели стипендија на Јован Костадинов во износ од 18.000 денари месечно во текот на следните 4 години.…

March 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?