Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Д-р Трајковски: Последиците од азбестот се страшни и предизвикуваат разни проблеми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Д-р Трајковски: Последиците од азбестот се страшни и предизвикуваат разни проблеми
ЗДРАВЈЕ

Д-р Трајковски: Последиците од азбестот се страшни и предизвикуваат разни проблеми

Објавено March 18, 2025 08:44
Сподели
Сподели

Д-р Бојан Трајковски објасни кои се штетните последици од вдишувањето на азбест во случајот со пожарот во дискотеката во Кочани, откако и министерот за здравство се обрати до повредените да одат на лекар, бидејќи постои можност да вдишале азбест.

„Гледам по социјалниве медиуми се шират апели за проверка на сите кои биле дел од трагедијата во Кочани поради азбестните табли во покривот и се дига особена паника па малку да појасниме зошто се предупредувањата:

Азбестот е минерал кој се користел уште во 19 тиот век во изградба на различни објекти, пред се покривите на објектите, поради тоа што имал одлични термички и звучни изолациски својства, но и поради неговата огноотпорност. Особено популарен до некаде 2005 кога е целосно забранет на ниво на ЕУ поради сериозните ризици по здравјето на луѓето особено луѓето кои работеле во вакви објекти поради што и е влезен во списокот на професионални болести.

Најчесто е користен како азбестни-цементи плочи дел од многу покриви во државава кои поради нивната отпорност на оган нашле широка примена и вака целосен како плоча нема голема опасност од истиот.

Главниот проблем кај нас е што најголем дел од овие времени објекти како локалов во Кочани имаат огромен број оштетени азбестни плочи кои се ронат, се издробени и скршени па при силен пожар азбесните честички лесно се пренесуваат преку чадот и прашината и се до толку опасни што азбестот е ставен во класа 1 канцерогена материја според меѓународната агенција за истражување на ракот.

Последиците се страшни и предизвикуваат разни проблеми како:

• Мезотелиом – неоплазма на плеврата и перитонеумот, кои обично се јавуваат по долгорочна изложеност

• Азбестоза – пнеумокониотична болест, белодробно заболувања кое најкарактеристично што доведува до белодробна фиброза.

• Рак на белите дробови – често се јавува кај лица кои биле изложени на азбест на долг рок.

• Проблеми со дишните патишта – вдишувањето на овие честитки може да предизвика долготрајна кашлица, задушување, градни болки

На крај е многу важно да се нагласи дека најголема опасност е по здравјето на луѓето кои долготрајно се изложени на азбестно труење или кај оние со краткорочно интензивно и екстремно изложување“, напиша тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Крис Павловски со сочувство и донација за настраданите од Кочани
Следна Статија Морничаво: Нетфликс пред две години објави серија за пожар во дискотека, истото се случи и во Кочани (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Повлекување на говедско месо поради ризик од E. coli воАјдахо

Компанија одАјдахо повлекува речиси 3.000 фунти сурово мелено говедско месо заради можна контаминација со бактерии

January 2, 2026
ЗДРАВЈЕ

Нови правила за „Мој термин“, ќе се знае точно кој каде треба да оди

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека според проценки на стручни медицински експерти, „во моментов, 70 отсто од пациентите што…

June 30, 2025
ЗДРАВЈЕ

Лекарска комора: Д-р Кузмановски нема активна лиценца за работа, има поднесено барање за нејзино продолжување

Докторот Игор Кузмановски во моментов нема активна лиценца за работа, бидејќи нејзината важност истекла на 15-ти март годинава, но докторот…

October 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Од денес нема пречки за операции во хируршките сали во Клинички центар, официјално е пуштена во употреба новата компресорска станица

Новата компресорска станица за хируршките клиники во Скопје, денеска беше официјално пуштена во употреба. Компресорската станица веќе функционира, има три…

February 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?