Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЕБОР прогнозира повисок раст на македонската економија, три проценти во 2025 и 2026
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ЕБОР прогнозира повисок раст на македонската економија, три проценти во 2025 и 2026
ЕКОНОМИЈА

ЕБОР прогнозира повисок раст на македонската економија, три проценти во 2025 и 2026

Објавено September 26, 2025 18:42
Сподели
Сподели

Во својот есенски извештај, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја ревидираше нагоре проекцијата за македонската економија. Банката предвидува пораст од три проценти за 2025 и 2026 година, што претставува зголемување од 0,4, односно 0,3 отсто во однос на прогнозата од мај.

Во економскиот извештај на ЕБОР, објавен вчера, се истакнува дека Македонија постигнала подобри резултати од очекуваните во првото тромесечје од 2025 година, со солидни резултати во градежништвото и зголемени вложувања. „Растот на реалниот БДП достигна 3 проценти на годишно ниво во првиот квартал од 2025 година и дополнително на 3,4 проценти во вториот квартал, првенствено поттикнат од градежништвото, производството и трговијата.“

Во овој период, трошењето на домаќинствата било поддржано од зголемувањето на приходите и намалувањето на инфлацијата, додека изградбата на патишта ги зајакнала инвестициите. Извозот се ревитализирал во првата половина од 2025 година по послабите извозни резултати во претходната година. Сепак, дефицитот на тековната сметка се зголемил за 66 проценти во истиот период, што е одраз на помалите суфицити и во трговијата со услуги и во секундарниот доход.

По укинувањето на ограничувањата на маржата на профит за одредени основни производи, инфлацијата се зголемила на 4,8 проценти до јули 2025 година пред да се намали на 4,4 проценти во август. Фискалната политика останува експанзивна, со ревидирана цел за дефицит за 2025 година поставена на 4 проценти од БДП, со цел да се балансира фискалната консолидација со тековните вложувања во инфраструктурата. Дефицитот за периодот јануари-јули 2025 година достигна 2,5 проценти од проектираниот БДП, бидејќи расходите го надминаа растот на приходите.

Реалниот раст на БДП е проектиран на 3 проценти во 2025 и 2026 година, поткрепен со силна домашна побарувачка и забрзано извршување на јавни инвестициски проекти, посебно изградбата на автопатски делници долж паневропските коридори 8 и 10. Зголемените вложувања во општините пред локалните избори кон крајот на 2025 година може да дадат дополнителен стимул на краток рок. Се очекува трошењето на домаќинствата да остане стабилно, поддржано од зголемувањето на реалните плати и повисоките владини трансфери.

Ризиците за економските перспективи произлегуваат од ограничениот фискален капацитет и надворешната нестабилност, посебно поради структурните прилагодувања во европската автомобилска индустрија и зголемената глобална неизвесност, се наведува во извештајот на ЕБОР во делот за Македонија.

Во однос на економските изгледи на регионот на Западен Балкан, се посочува дека растот забавил, од 3,6 проценти во 2024 година на 2,4 проценти во првата половина од 2025 година. Се очекува годинава да достигне 2,7 проценти, а наредната да биде 3,2 отсто. Надолните ревизии на прогнозите за 2025 година се последица од побавниот раст во развиените земји во Европа, послабите од очекуваните резултати во градежништвото и инвестициите во Србија и бавниот напредок на реформите, заедно со слабото индустриско производство и извоз во Босна и Херцеговина.

Највисок раст годинава во регионот, според ЕБОР, годинава ќе има Косово 3,9 проценти, Албанија, 3,5, Црна Гора 2,6, Србија 2,5, а најнизок Босна и Херцеговина 2,2 отсто. Во регионите што ги покрива ЕБОР, пак, годинава се очекува раст од 3,1 процент. Најголеми ризици за економијата се геополитички тензии, американски царини, конкуренција од Кина и ограничениот фискален простор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Бош“ планира да отпушти 13.000 луѓе во Германија
Следна Статија Три неработни денови за сите граѓани остануваат до крајот на оваа година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Идни акции мирно стојат пред извештајот за вработувањето и потенцијалната одлука за царините

Трговците се подготвуваат за декемвриски извештај за вработувањата и можна одлука на Врховниот суд за царините.

January 10, 2026
ЕКОНОМИЈА

Се решаваат наследените проблеми во Железница транспорот: Подобри услови за машиновозачите и сите вработени

Директорот на Македонски железници Дејан Кошутиќ заедно со Државниот секретар г. Стефан Волкановски и со поддршка од Министерот за транспорт…

December 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Џејми Караматиќ е новиот генерален директор на Рудник САСА

Од 19 септември, Џејми Караматиќ официјално ја презеде функцијата генерален директор на рудникот за олово и цинк САСА од Македонска…

September 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николовски: Изготвивме нов Царински закон

„Царинската управа го изготви предлог текстот на новиот Царински закон, усогласен со Царинскиот закон на ЕУ, којшто очекуваме да стапи…

June 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?