Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Евакуираните македонски државјани од ОАЕ, вечер ќе слетаат во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Евакуираните македонски државјани од ОАЕ, вечер ќе слетаат во Скопје
МАКЕДОНИЈА

Евакуираните македонски државјани од ОАЕ, вечер ќе слетаат во Скопје

Објавено March 8, 2026 16:46
Сподели
Сподели

Евакуираните македонски државјани од Обединетите Арапски Емирати, кои со организиран лет се враќаат во Република Македонија, се очекува да слетаат на Меѓународниот аеродром Скопје вечер околу 21:15 часот, информират од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

На аеродромот патниците ќе ги пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека се организирани чартер летови од Саудиска Арабија, кои ќе ги прифатат македонските граѓани присутни во Катар и Кувајт. Очекувањата се, како што рече, дека овие патници ќе отпатуваат во среда.

-Деновиве се организирани вкупно четири чартер летови, со неколку десетици слободни места. Дел од државите во регионот замолија и нивни граѓани да пренесеме, односно да ги донесеме во Македонија, рече Мицкоски.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија претходно соопшти дека денеска почнува евакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток, која ќе се реализира со комерцијални чартер-летови.

Од Министерството информираа дека склучиле договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на следната недела да бидат евакуирани сите македонски државјани кои изразиле подготвеност за враќање.

Според последните податоци Амбасадата во Доха ја контактирале 150 македонски државјани, од кои 95 изразиле подготвеност за евакуација. Амбасадата во Абу Даби ја контактирале вкупно 585 лица кои престојуваат во Обединетите Арапски Емирати, како и 36 лица од Кувајт, 15 од Бахреин и 5 од Кралството Саудиска Арабија.

Министерството, како што е наведено во соопштението, уште еднаш ги повикува сите македонски државјани кои сè уште не стапиле во контакт со надлежните дипломатско-конзуларни претставништва, а имаат потреба од евакуација или асистенција, тоа да го сторат во најкраток можен рок преку дежурните телефонски броеви на ДКП-ата или преку СОС-бројот на Министерството.

Техничките и организациските детали околу реализацијата на летовите, како што посочуваат од МНРиНТ, ќе бидат утврдени во координација со економскиот оператор, за што граѓаните ќе бидат навремено информирани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Работиме на 17 инвестиции и 5.000 работни места
Следна Статија James Talarico will win Democratic primary in Texas Senate race, CNN projects – CNN

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта утре во Скопје

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта утре ќе престојува во еднодневна посета на Скопје, каде ќе оствари средба со премиерот…

May 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за Груби: Сите бегалци од правдата, да дојдат и да се соочат со фактите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги повика сите бегалци од правдата да се вратат во земјава и да се соочаат со…

January 7, 2025
BlogБАЛКАНЗДРАВЈЕМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Мицкоски: За 100 дена отплаќаме долг од 2 милијарди денари на Фондот за здравствено осигурување

Денеска на покана на директорот на Фондот за здравствено осигурување сме овде. Можевме да видиме каква е реалната состојба што…

September 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

„Дурмо турс“ меѓу нив: Неправилности утврдени кај 11 правни и 10 физички лица кои вршат превоз на патници и стоки

Од 138 контроли за вршење превоз на патници и стоки кои во претходните три дена ги направиле инспектори за патен…

March 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?