Тринаесет кандидати се пријавиле на огласот за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), информираат од собраниската прес-служба.
На листата, до која дојде „360 степени“, може да се видат дипломирани правници (и со положен правосуден испит), економисти, криминалисти, пет магистри и еден доктор на науки.
Во продолжение ја објавуваме листата со пријавени кандидати:
Бранко Смилевски од Скопје, дипломиран економист, магистер на науки за антикорупција;
М-р Благица Трошанска од Скопје, дипломиран правник и магистер на политички науки;
Феузи Џафери од село Чајле-Гостивар, дипломиран правник со положен правосуден испит и магистер по дипломатија;
Проф. д-р Кимо Чавдар од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит и доктор на политички науки;
Владимир Наумоски од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит, магистер по деловно право;
Весна Доревска од Скопје, дипломиран правник;
Ненад Трифуновски од Тетово, дипломиран правник со положен правосуден испит
Бранко В`чков од Скопје, дипломиран криминалист;
Валентина Тодоровска од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит;
Антонио Санев од Скопје, дипломиран правник, магистер по меѓународно право;
Зоран Наумов од Кавадарци, дипломиран економист;
Костадин Кус Иванов од Скопје, дипломиран економист;
Адем Чучуљ од Скопје, дипломиран правник.
Собранието на 1 август годинава донесе одлука за објавување јавен оглас за избор на претседател. Постапката со јавниот оглас ќе продолжи по 3 ноември, односно по завршување на локалните избори.
„Со оглед на тоа што постапката е прекината, прекината е и административната селекција. Имињата ќе бидат познати откако ќе заврши процесот на административна селекција на пријавените кандидати. Засега може да го потврдиме само вкупниот број на пријавите“,велат од Собранието.