Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Еве на каква финта од МВР „падна“ млада измамничка од Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Еве на каква финта од МВР „падна“ млада измамничка од Скопје
ХРОНИКА

Еве на каква финта од МВР „падна“ млада измамничка од Скопје

Објавено January 8, 2026 15:11
Сподели
Сподели

Полициски службеници од СВР Тетово, во координација со СВР Скопје и Единицата за економски криминал при МВР, на 7 јануари 2026 година расчистија три кривични дела „измама“ и едно дело „измама“ во обид. Во рамки на акцијата, во Скопје е лишена од слобода А.Ј. (23) од Скопје.

Според информациите од МВР, осомничената преку социјална мрежа објавувала лажни огласи за издавање станови под наем во Тетово, при што телефонски ги убедувала оштетените лица да уплатат пари на нејзина банкарска сметка или да испратат готовина во коверт преку возачи на автобуси до Скопје.

Покрај тоа, таа измамила и едно лице кое уплатило пари за наводна резервација во хотел во Охрид.

Во еден од случаите, по контакт со трето лице од Тетово за издавање стан, оштетеното лице го пријавило случајот во СВР Тетово. Полицијата, во координација со Единицата за економски криминал, организирала контролирана испорака, при што преку возач на автобус било испратено празно плико. Осомничената била приведена во моментот кога дошла да го преземе пликото.

А.Ј. е задржана во полициска станица, а по целосно документирање на случаите против неа ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Наш приоритет не се изборите, туку реформите и проектите
Следна Статија За непостоечка операција: Лажен лекар од Штип измамил жена за 700.000 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тинејџер паднал од балкон на зграда во Карпош

На 24.03.2026 во 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон на зграда паднал…

March 25, 2026
ХРОНИКА

Трагедија: Жена пронајдена почината во нејзиниот дом во Скопје

Во СВР Скопје вчера во 17 часот било пријавено дека во сопствениот дом на подрачјето на Гази Баба била пронајдена…

March 15, 2025
ХРОНИКА

1.782.000 ЕВРА ГЛОБА ЗА „Д-Р ПАНОВСКИ“ И „ФАРМА ТРЕЈД“: Висината на наведената глоба е во корелација со штетата која е нанесена на буџетот на државата

Вишиот управен суд со пресуда го потврди решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата со кое утврди дека две големи…

June 12, 2025
ХРОНИКА

Близначињата што починаа биле премрзнати, велат од прилепската болница

Близначињата новороденчиња што починаа вчера во Прилепско биле премрзнати, се вели во соопштението од прилепската Oпшта болница со проширена дејност…

January 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?