Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Еден месец по пожарот во Кочани во истрагата опфатени 60 лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Еден месец по пожарот во Кочани во истрагата опфатени 60 лица
ХРОНИКА

Еден месец по пожарот во Кочани во истрагата опфатени 60 лица

Објавено April 16, 2025 08:15
Сподели
Сподели

Денеска се навршува еден месец од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загинаа 61 лице, а околу 200 беа повредени. Ова е најголемата несреќа од независноста на државата. Досегашната истрага покажа дека постоеле системски грешки и пропусти во изминатите години поради што досега со истрагата опфатени се вкупно над 60 физички и три правни лица меѓу кои сопственикот на дискотеката, сегашни и поранешни градоначалници на Кочани, поранешни министри за економија, поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат, полициски службеници…. Истрагата се уште трае, а во неа се вклучени 13 обвинители. Досега се извршени голем број претреси, сослушани сведоци и собрани над илјада материјални докази.

Првично со истрагата беа опфатени 34 физички и три правни лица меѓу кои и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, актуелниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, кој поднесе оставка по несреќата, двајцата претходни градоначалници Ратко Димитриевски и Николчо Илијев, како и поранешниот директор на Пазарниот инспекторат.

Викендов, истрагата беше проширена со нови 19 лица меѓу кои тројца поранешни министри за економија, актуелниот и двајца поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување, тројца овластени градежни инспектори во Општина Кочани, три службени лица во Министерство за економија, двајца државни секретари во Министерството за економија  и четири пазарни инспектори во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Со истрагата не е опфатен актуелниот министер за економија Бесар Дурмиши, бидејќи според Обвинителството, досега нема ниту еден доказ дека од него било побарано продолжување на лиценцата на дискотеката „Пулс“.

Вчера по наредба на јавен обвинител почна и приведувањето на уште седум полициски службеници кои во текот на денешниот ден се очекува да бидат изведени пред судија на претходна постапка. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски не ја исклучува можноста да бидат приведени уште лица до завршување на истрагата. 

Коцевски во интервју за телевизија „Телма“ рече дека објектот „Пулс“ не и бил познат само на полицијата, туку и на целиот град и дека 13 години не е извршен никаков инспекциски надзор. 

– Објектот „Пулс“ не и бил познат само на полицијата, бил познат на целиот град. И бил познат и на локалната самоуправа, на сите надлежни институции кои што требало да функционираат што значи дека 13 години во Кочани не е извршен никаков инспекциски надзор на објектот, рече Коцевски. 

Соопшти дека се прибавени и лиценците што ги поседувала дискотеката од 2012 до 2017 година и дека сите се издадени без целосната потребна документација. Во однос на приротехниката што е користена за време на концертот кога настана пожарот, Коцевски рече дека се испитува од каде е таа набавена, дали соодветно била користена….

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ветува дека секој за кој постојат докази ќе биде изнесен пред лицето на правдата. Во изјава дадена во понеделникот, Тошковски рече дека истрагата не е завршена и дека никој нема да биде толериран.  

– Истрагата се води од Јавното обвинителство, МВР ги поднесе кривичните пријави кои до моментите на преземање дејствија сметаше дека треба да бидат поднесени. Против секој еден за кој има докази е пооднесена пријава од страна на МВР, рече меѓу другото Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Одомаќинетата корупција во државата го попречува патот кон ЕУ
Следна Статија (Видео) ПСЖ го преживеа пеколот на „Вила Парк“, а Барса драмата во Дортмунд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Загрижувачка агресија: Дете заврши на Неврохирургија, откако било удирано во глава од соученик

Дванаесетгодишен ученик од ОУ „Блаже Конески“ од Велес вчера заврши на Клиниката на неврохирургија во Скопје со тешки повреди на…

November 21, 2024
ХРОНИКА

За тероризам ќе се гони лицето што се закануваше со подметната бомба во авионот од Скопје кон Анталија

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, предметен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против…

August 21, 2025
ХРОНИКА

Почина тримесечно бебе во Шутка

На 22.01.2025 во 09:10 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје било пријавено дека во семејна куќа на…

January 23, 2025
ХРОНИКА

Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола

Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола и нема опасност по населени места ниту по околните викендици, објавија вечерва…

March 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?